Возачот во Формула 1, Себастијан Фетел, најави крај на кариерата

Германскиот возач во Формула 1, Себастијан Фетел рече дека ќе се повлече од Формула 1 и дека ќе замине во пензија. Легендарниот 35 годишен возач и четирикратен шампион во моментов вози за „Астон Мартин“, а во кариерата победи на 53 трки и 122 пати се качи на подиумот.

Почна како тест возач во „Заубер“ во 2006 година, а потоа премина во јуниорскиот тим на „Ред Бул“. Потоа настапи за „Торо Росо“, а во 2009 година стана возач на „Ред Бул“.

Со „биковите“ освои четири последователни титули, од 2010 до 2013 година. Тогаш стана и најмладиот шампион во најбрзиот тркачки циркус. Во „Ферари“ премина во 2015 година од каде замина минатата година. Од тогаш е во „Астон Мартин“. Во моментов е на 14 место во генералниот пласман на возачи со 15 бодови.

Scroll to Top