Заштитата на климата не е злосторство, рече Грета Тунберг по апсењето во Германија

Младата шведска активистка, Грета Тунберг беше уапсена во Германија. Беше дел од протестите на демонстрантите кои протестираа да се забрани ширење на рудникот за јаглен во близина на селото Лицерат. Активистите се собраа по одлуката во тоа село да почне да се ископува лигнит.

Кога не сакаа да се тргнат од местото каде се работеше, полицијата ги обиколи и сите кои даваа отпор беа приведени.

„Вчера бев дел од групата која мирно протестираше поради ширењето на рудникот за јаглен во Германија. Полицијата не затвори, но подоцна истата вечер бевме пуштени. Заштитата на климата не е злостор“, рече Тунберг.

Од петокот во повеќе наврати таа го посети регионот Лицерат, каде активистите се собраа по одлуката во тоа село се почне со копање на лигнит.

Scroll to Top