Жена за 1 мај ќе отруела десетина луѓе печејќи скара во станот

Вкупно десетина луѓе се затруени од јаглен моноксид откако жена печела скара во нејзиниот стан. Инцидентот се случил за 1 мај, во германскиот град Валдкрајбург, во Баварија, а полицијата одма покренала истрага против 44 годишната жена која ја запалила скарата во станот.

Полицијата рече дека осомничената ја ставила скарата на јаглен во дневната соба и ја затворила вратата од балконот, што на крајот се покажало како фатално. Таа со уште тројца од семејството, меѓу кои и децан на 14 и 18 години, како и еден од спасувачите претрпеле тешко труење со јаглен моноксид, п

Германскиот портал t-online пренесе дека спасувачот со сите десет лица биле однесени во болница, а против жената е подигнато обвинение за нанесување телесни повреди од невнимание. Германската полиција ги предупреди дека е забрането да се прави скара на јаглен или плин во затворен простор.

 

Scroll to Top