Александар Билјановски – Дадар речиси 20 години ги разубавува дамите. Сеедно дали се тоа од јавниот живот или сосема обичните девојки и жени кои доаѓаат во неговиот салон, Дадар вели дека за него е предизвик кога треба некого да разубави.
„Не правам разлика дали некој е познат или не кога е во прашање шминкањето. За мене секое лице е нов предизвик. Но, морам да кажам дека ете, тоа што моето име стана познато за мене секако е привилегија, а тоа што ги разубавувам познатите секако дека е постигнато со многу труд и љубов кон оваа работа“, искрен е Дадар, кој наголемо веќе ја пишува својата прва книга во која ги открива тајните на шминкањето. Пејачки, домашни и странски, актерки, бизнисменки, политичарки… кој сè не бил досега во неговиот салон. Но, иако шминкањето е неговата прва љубов, сепак, тој отиде чекор понатаму. Од неодама се зафати со нов тренд, подмладување со хијелурон пена, постапка која сега е асполутен хит.
„Со оваа метода се постигнува ефект на подмладување, а не се користи игла. Оваа метода сега е хит. Со пенкало се вбризгува хијалурон онаму каде што треба и веќе дамата го има оној младешки изглед. Секако дека најдобро е да се постигне природен ефект“, вели Дадар, кој освен подмладувањето, ја промовира и трајната шминка, особено сега трајната пудра на лицето или, пак, трајното руменило.
За тоа како оди постапката на подмладување, на колку време треба да се стави хујалуронот, колку е добра трајната шминка и како се нанесува трајна пудра, Дадар има што да им каже на дамите. Но, и за тоа кои се трендовите за оваа зима, како да се нашминкате, трикови кои може да ги примените, како бронзер, а како да ставите хајлајтер… Гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев