„Кога ќе го помирисам Јаков сета болка ми проаѓа“, Турунџиева за искуството како баба

„Долго време бев убедена дека сум тестер за грди сценарија во животот. Но, ете конечно и кај нас  се сврте страницата. Се омажи Лора, се роди внукот Јаков, кој е сега мојата голема радост. Како и секоја мајка, така и јас размислував  Лора на кој факулет ќе се запише, ама таа го одбра најтешкиот, да биде родител “- вака некако звучи дел од разговорот со Сузана Турунџева, која 27 години е на јавната сцена. Мајка на две ќерки, Матеа и Лора, сега веќе и баба на малиот Јаков.

Таа отворено зборува за трагедиите што ѝ се случија во животот. Вели: „Како некоја карма да е, па ние Турунџиеви останавме само жени. На толку загуби, сфатив како е да се вртиш во пеколот. Но, мораш да продолжиш понатаму. Јас мора да бидам мајка храброст за моите две ќерки“, вели  Сузана.

Од една страна смртта на татко ѝ, од друга страна смртта на братот Панде, па смртта на сопругот Маријан, секоја приказна има своја тежина. Тука е и разводот со Александар Маленко и сета болка која низ годините  ја чувствувала Лора кога „сите деца татковците ги земеле од градинка, а неа ја земала баба ѝ“.

За часовите во агонија кога таа и мајка и чекале вест од Канада каде беше пронајден мртов нејзиниот брат, за  одлуката на Маленко да го земе нејзиното презиме, но и мубетите во јавноста дека „таа го прелажала оти е 10 години постара од него“, зошто не беше поканет на свадбата кај Лора, зошто завршила во полиција кога првпат дошла во Скопје…гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев 

Scroll to Top