Агнеса Органџиева: Мажите немаат храброст да ми пријдат

Агнеса Органџиева последниве две години го привлекува вниманието каде и да се појави, но и со објавите на социјалните мрежи. Јавноста почна да зборува за неа во времето на короната кога среде разводот нејзиниот поранешен маж ја навреди во статус на „Фејсбук“ кога ја нарече пластична Барбика.

„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека по мене, и тие собрале храброст да се разведат. Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак во кој сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.

Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден преку видеоповик. „На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.

Со Агнеса, која важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, разговаравме во нејзиниот дом. Ни покажа каде живее и кои ѝ се омилените парчиња облека. Со ќерката Тифани ни раскажаа и за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик речиси една и пол година.

За тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж и дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, но и каква е кога ќе седне во кафеана… гледајте во видеото.

Андријана Јовановска

Scroll to Top