Дадар: Им ја вратив самодовербата на мажите

Александар Билјановски –Дадар, речиси 15 години ги разубавува дамите од нашиот јавен живот. Кај него на шминкање дошле речиси сите-од пејачи, глумци, до политичари, бизнисменки. Изминативе две години, покрај шминкањето тој работи и на јапонското исцртување веѓи, но и   скалп микропигментацијата, односно исцртување на коса, кај мажите кои имаат проблем со опаѓањето на коста.

Во интревју за „Репортер“ тој открива како оди целата постапка на исцртување на костата, раскажува како започнал да шминка, но  сподели и совети за дамите како дома лесно и убаво да се нашминкаат, но и зошто јапонските веѓи сега се хит.

„Покрај јапонските веѓи, скалп микропигметацијата е новитет, кој решив да го донесам тука. Мислам дека само десетина луѓе, професионално, го прават ова во светот, меѓу кои и јас.  Тоа е еден тренд кој е нов,  и станува збор за создавање илузија на коса, кај  мажите со тотална или делумна алопеција. Па така, со помош на боење со пигменти , односно еден вид тетоважа,  се исцртува костата, и создава илузија дека мажот има коса“, открива Дадар.

Тој вели дека целата постапка трае 2-3 дена и дека е безболна затоа што се работи со гел анестезија.

„ Оваа тетоважа не е трајна, таа се обновува по неколку години, а трае во зависност од кожата. Кај масната кожа е пократко, кај сувата подолго, но ефектот од ова е многу голем“, вели познатиот шминкер.

Со симулирањето коса кај мажите, кои имаат проблем со опаѓањето, вели дека успеал да им ја врати самодовербата на мажите. „Знаете ли колку многу млади луѓе имаат пороблем со опаѓање на костата, и мене ме радува кога ќе успеам да ги направам среќни“, вели тој.

Во интервјуто Дадар  зборува и за јапонскиот третман на веѓи, кој е вистински хит. За тоа како треба да се изберат боите пред исцртувањето и да се направи формата на веѓите. Во разговорот се присети и на времето кога го отрил својот талент за шминање.

„Почнав да цртам само очи. Потоа почнав да ги шминкам  сите роднини, пријатели, другарки, братучетки, за подоцна да ги шминакм сите познати личност кај нас“, вели Дадар. Раскакажува за Ребека, Каролина, Елена Рисевска…

Во интервјуто тој им подели совети на дамите, како дома да се нашминкаат, а ни откри и каков  тренд на шминкање е модерен за оваа зима.

„Јас сум секогаш за бордо кармин, тој  никогаш не излегува од мода“, вели Дадар.

Александра Георгиев

Scroll to Top