Ѓуле Ван Гог: Вие Македонките сте огнени и темпераментни жени

Звонимир Ѓукиќ – Ѓуле, пејачот и гитарист на рок-групата „Ван Гог“, од прв момент остава впечаток на забавна и искрена личност. Опуштен во муабетот, низ смеа открива дека знае дека нешто згрешил ако му се обратат со вистинското име. Прекарот што го носи од дете, му го дала учителката во основно. А таму, во училишните клупи, ја сретнал и својата сопруга Јулија, Македонка по потекло.

„Пред повеќе од 40 години една убава девојка седна крај мене во клупа. Бевме нескладен пар, јас со долга коса, а таа нежна. Како мангуп и принцеза. Мило ми е што жена ми е Македонка. Добри жени сте вие, слатки, посветени, вредни, темпераментни. Тоа само може да му годи на човек“, раскажува Ѓуле.

Но, тој не сака да зборува многу за приватниот живот. Посветен е на работата со бендот кој го формираше пред 33 години. Во Македонија беа заедно за да го промовираат нивниот 10. албум, а и новата книга на Ѓуле, „Море без обала“. И некаде, меѓу музиката и приватноста, Ѓуле со носталгија зборува за дружењето со Милан и Меги од „ЕКВ“, за љубовта кон фотографијата што ја наследил од неговиот покоен татко, се сеќава на 1970-те кога во Лондон го споил својот брат Љубомир со Срѓан Гиле Гојковиќ за да ја формираат групата „Електрични оргазам“, а раскажува и како глумел мртовец во „Надреалисти“ заради Неле Карајлиќ. Гледајте го видеото…

Андријана Јовановска

Scroll to Top