И денес сме исти како на почетокот, ама тоа нѐ одржа во живот: 20 години ДНК

By

Македонското аренби-дуо ДНК оваа година слави 20 години јубилеј. Андреј Ѓоргиески и Владимир Блажев-Панчо неодамна ја почнаа турнејата со настапи низ Македонија, а јубилејот ќе го завршат наесен со промоција на нов албум и голем концерт во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Пред да станат ДНК, двајцата членуваа во други бендови. Андреј беше во ТНТ, а Панчо во ОК. Но кога нивните бендови се распаднаа, велат решиле да пробаат нешто заедно. Немале очекувања и мислеле дека ќе траат само неколку години. „Не верувавме дека ќе дојдеме до дваесетката“, ни открија во разговорот.

Андреј за себе вели дека е смирен, а Панчо е бунтовникот што секогаш гласно кажува што мисли. „Слични сме карактерно, ама и се разликуваме и, најверојатно, тоа нè држи заедно сите овие години. Андреј многупати го ‘јадел’ поради мене, ама знае дека работите не ги правам за внимание и собирање поени“, вели е Панчо во муабетот за „Репортер“.

Дури и кога се фотографираат со луѓето за кои донираат, тоа го прават за да поттикнат и други да се вклучат во иницијативата, а не за да се фалат што направиле, велат тие.

Забавни, секој на свој начин, Панчо и Андреј ни раскажаа интересни приватни приказни.

Панчо ни кажа дека на снимањето на новиот спот првпат пробал свинско. Тука се муабетите и за Перо Антиќ, со кого се родени на ист ден, па Панчо вели дека му зел 10 сантиметри од висината, но и за МЗТ, другарството со Елиф Елмас и за тетоважите. Ни откри и дека е колекционер на патики, па има над 140 чифта.

„Најскапите ми се ‘џорданки’ и ги платив околу 480 долари. Јас си ги лечам фрустрациите на тој начин, пошто како дете сум немал и мајка ми не можела да си дозволи повеќе од еден-два пара да ми купи, па сега синовите секогаш имаат врв патики“, искрен е Панчо.

Андреј, пак, со многу љубов зборува за ќерката Јана за која вели дека му пополнила празнина што и не знаел дека ја има.

„Кога ќе се погледнам во огледалото, не се гледам само себе, туку ја гледам и неа. И, знаеш, да не беше сопругата Наталија, мислам дека можеби и ќе останев сам во ова префригано време. Таа ме освои со природноста, нормалноста, скромноста“, ни раскажа тој низ емоции.

Зборувавме и за пријателството со Наум Петрески за кого вели дека е рокер и често знаат да запеат некоја рок-песна, но и за времето кога глумеше во скечевите на К-15 со Бубо, Миле и Тошо, гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

Ќе ви се допадне