Јован Јованов: Претходната власт се мешаше ѝ како да свири оркестарот на Макфест

By

Композиторот и продуцент Јован Јованов неколку години живее во Канада. Деновиве е во Скопје. Вели имал малку луфта овој период па можел да дојде. Првпат беше гостин во студот на „Репортер“, па со него зборувавме сешто.

dobivaj vesti na viber

„Кога сум во Канада, ми фалат пријателите од Скопје. Да можам да ги преселам сите таму блиски, ќе биде супер. А, кога ќе дојдам во Скопје, уште од аеродром ме нервира менувачот на колата затоа што е мануелен, па семафорите кои кратко траат и на крај бандерите кои светкаат ко жижици. Ваму во Канада сè блешти“, искрен е Јованов во разговорот за „Репортер“.

Отсекогаш сакал да живее во Холивуд, ама доби иселеничка виза за Канада. Замина пред девет години со сопругата и ќерката. Таму живее пристоен живот. Се дружи со музичари, има свое студио, работи и на филмска музика, беше номиниран за награди за најдобар продуцент во Холивуд.

„Никогаш не се сомневав дека нема да успеам. Мене ми беше проблем до каде ќе можам да стигнам, до кое ниво. Не одам само да се појавам или да учествувам, сакам да сум најдобар во тоа што го правам“, вели Јованов.

Не е тајна дека го поврзуваа со претходната власт, беше осомничен за местење и компјутерски криминал по Скопскиот фестивал во 2014, а во очи бодеше и наградата од 20 илјади евра која ја земаа со Ламбе Алабаковски во 2013.

„Јас веќе бев во Холивуд кога имале дојава дека се правел компјутерски криминал, па лажни гласови, сме купувале компјутери, па хакери, преку фирма… Бев осомничен, а сè што најдоа се куп картички легално купени за гласење. Ама не кај мене. Јас немав ништо со тоа. А со картички се научи цела естрада да си гласа. Абе кој ќе ти гласа по телефон. Купуваш картички и легално си гласаш“, открива Јован во разговорот.

За поврзаноста со претходната власт вели: „Види, јас имав по осум нарачки од нив за кампања за песна. Ама тие кога беа појаки нарачуваа песни и на по 3-4 места за да не утнат. И пак ја бираа мојата. Јас тоа го правев за пари. Кој и да побараше, ќе направев“, открива Јованов.

Се зборуваше и за реакциите од кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, кога наводно било забрането неговата песна да победи на Евросонг. Таа година Есма пееше со Лозано, таа сакала песна од Јован, но песната на Јованов беше повлечена, па отидоа на настап со песна од друг автор.

„Па јас тогаш сфатив дека тука нема смисла да се бавиш ни со бизнис ни со музика. Се мешаа сегде. Уништија фестивали, направија глупости, измешаа сè. Па и Макфест добро тераше, ама почна тогашна влада да се меша беспотребно, ќе враќале стар сјај на Макфест, им текнало оркестар, па тоа на одлука на Влада, абе срамота беше непрофесионалци да се мешаат во музика. Океј е да помагаат, ама да ти кажуваат дали ќе се пее со оркестар или не, па смешно е“, искрен е Јован.

Со Јован муабетите немаат крај. Се пофали дека става ботокс и дека расчистил со предрасудите „шта че речи комшија’. Од почетоците со Магија до компјутерскиот криминал, како од Слаткар направи прва Јутјуб ѕвезда, што мисли за естрадата денес, музичките трендови, животот во Канада и сите политички приказни во кои беше спомнато неговото име… Гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Ќе ви се допадне

gogo anime tv. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

Banished from the Hero’s Party, I Decided to Live a Quiet Life in the Countryside

Tokyo Revengers (Dub) Episode 21

Dragon Ball Z (Dub)

GoGoAnime One Piece (Dub) Episode 766

Naruto (Dub)

tải go88