Кога сум со Иван се уште имам пеперутки во стомакот: интервју со Александра Јанева

Александра Јанева неодамна ја промовираше нејзината најнова песна „Утрото ќе промени се“.  Таа е од Струмица, а македонската јавност ја запозна по музичкото шоу за таленти „Ситe мои песни“ каде што и победи, а потоа и како двократен победник на „Макфест“.

Александра активна е со настапи низ нашата земја. Често патува со нејзиниот бенд каде настапуваат во дикотеки и кафулиња. Препознатлива е по тоа што на нејзините настапи се пее 90% македонска музика. Патувањата знаат да бидат напорни, но задоволство е да се работи тоа што се сака.

 

„Знае да биде напорно, посебно километрите коишто ги поминуваш. Меѓутоа кога го работиш тоа што го сакаш, а публиката пее со тебе во еден глас,  тогаш знаеш дека тоа што го правиш, треба да продолжиш да го правиш“, изјави Александра за Репортер.

Од самиот почеток сакала да ја промовира македонската музика, а тоа и одело малку потешко.

„Публиката тешко го прифаќаше тоа. И со тек на време станав препознатлива по тоа дека беа повеќе македонски песни и сите поради тоа доаѓаа на моите настапи. И секогаш кога ќе отстапев од тој репертоар, знаеја да ме коригираат и ги бараа песните“, раскажа Јанева.

Таа зборуваше во Репортер и за талентот на нејзината мајка, па дури и во периодот на карантинот таа објави видео во кое заедно во дует ја пеат „Врати ми го сонцето“.

„Ја убедив дека видеото мора да го снимаме и да го објавам на социјалните мрежи. Беше растреперена, пееше емотивна песна. Колку што јас ја доживувам емотивно, таа е уште повеќе и на секое мое изведување очите и се полнат со солзи“, рече пејачката, и раскажа дека се музикално семејство па дома сите заедно знаат да си потпевнуваат.

Александра скоро три години е во врска со Иван кој е пораснат во Штип, но роден во Струмица. Тој и е најголема поддршка во нејзината кариера.

„Така што сме поврзани по струмичка линија. И многу често знае да каже јас сум струмичанец, не сум штипјанец. Ме освои со искреноста. Љубовта која ја имавме еден кон друг уште на почетокот и пепрутките во стомакот што и двајцата не споија, до ден денес сè уште траат“, вели Јанева.

Во интервјуто за Репортер, Александра Јанева зборува за патувањата со нејзиниот партнер, летниот одмор, социјални мрежи, Евровизија, но и за нејзината примарна професија дипломиран стоматолог, за ова и повеќе погледнете го видеото.

Габриела Додевска

Scroll to Top