Кога пред 30 години Лидија Вукиќевиќ се појави во серијата „Подобар живот“, стана омилената глумица во поранешна Југослвија. Улогата на Виолета Попадиќ ѝ донесе популарност, ама и неприлики на тогаш 25-годишната актерка. Брзо по снимањето на серијата, таа се омажи со познатиот српски фудбалер Митар Мркела и ги роди синовите Давид и Андреј. Денес едниот е фудбалер, а другиот пилот.
„Се разведов тогаш кога сфатив дека љубовта престанала. Јас имам еден живот, да имав три може ќе останев во тој брак“, раскажува Лидија, која ни откри дека сега е во љубовна врска со помлад маж.
Низ разговорот таа ни раскажа повеќе приказни за себе: дека сама чисти по дома, но и дека често се дружи со поранешните девојки на синовите.
За непристојните предлози од режисерите, за љубомората од колегите, за разводот и како сама ги растела синовите, Лидија има своја приказна. Но и за родителите, за стравот од мајка си, за политиката, за изгледот, за односот со бившиот маж… Гледајте го видеото:
Андријана Јовановска