„Колегите ми ставаа сопки, а режисерите бараа да се соблечам“, ексклузивно со Лидија Вукиќевиќ

Кога пред 30 години Лидија Вукиќевиќ се појави во серијата „Подобар живот“, стана омилената глумица во поранешна Југослвија. Улогата на Виолета Попадиќ ѝ донесе популарност, ама и неприлики на тогаш 25-годишната актерка. Брзо по снимањето на серијата, таа се омажи со познатиот српски фудбалер Митар Мркела и ги роди синовите Давид и Андреј. Денес едниот е фудбалер, а другиот пилот.

„Се разведов тогаш кога сфатив дека љубовта престанала. Јас имам еден живот, да имав три може ќе останев во тој брак“, раскажува Лидија, која ни откри дека сега е во љубовна врска со помлад маж.

Низ разговорот таа ни раскажа повеќе приказни за себе: дека сама чисти по дома, но и дека често се дружи со поранешните девојки на синовите.

За непристојните предлози од режисерите, за љубомората од колегите, за разводот и како сама ги растела синовите,  Лидија има своја приказна. Но и за родителите, за стравот од мајка си, за политиката, за изгледот, за односот со бившиот маж… Гледајте го видеото:

Андријана Јовановска 

Scroll to Top