Летни коктели: На пијанка со барменот Васил Пеевски

Приказната за коктел-индустријата почнала пред 100 години во Америка кога барменот Џери Томас ги собрал сите рецепти за коктели и ги ставил во една книга. Претежно традиционалните коктели, без многу бои и визуелен  ефект, биле коктели кои се на цена. Во 80-тите настапил „мртов период“ затоа што се пиеле котели кои требало да изгледаат атрактивно, па се мешале повеќе алкохолни пијалаци и бои, но вкусот не бил ништо посебно.

Низ децениите коктелите станаа еден од омилените пијалаци. И ако секое лето мохитото е хит, светскиот бармен Васко Пеевски ни откри дека има и други коктели кои може да се пијат во лето и кои се можеби подобри од мохитото.

 

„Мохитото секое лето е најбараниот коктел, ама верувајте има и други, особено оние со џин може да бидат одлична варијанта. Сега е лето, па сите бараат нешто поосвежително“, вели Пеевски.

Тој е државен првак по барменство до 27 години, а во Копенхаген го освои второто место за правење коктели на светскиот натпревар. Сега следи натпреварот во Кина, каде сака да биде најдобар.  Васко во студиото на „Репортер“ ни откри неколку рецепти на лесни коктели кои може да ги направите и дома.  Предлози што да нарачате во град, кога сте со друштво, за тоа дали коктелите дебелеат, колку се доволно за да не се опијаните, како тргнала неговата бармен-приказна, гледајте го интервјуто.

Scroll to Top