Влатко Лозановски веќе 10 години е на музичката сцена. Не е тајна дека е миленик на публиката. Неговите песни се хитови, а „Километри“ имаше над 5 милиони прегледи на „Јутјуб“.
На 23 март подготвува прв голем солистички конецрт кој му го организира „Авалон продукција“, во ВИП-арената „Борис Трајковски“.
„Едвај чекам да дојде концертов, да пееме , да уживаме на музиче. Сите. Сега немам трема, ако како се ближат деновите, така ќе почне и тремата“, ни открива Лозано, кој секој момент треба да ја промовира и песната „Мајко“.
Беше во фокусот на вниманието кога реши да не пее на прославата во Охрид за влезот во НАТО. Едни го плукаа, други го поддржаа. Додека сите чекавме свадба, ја раскина врската со Савка, со која беше во љубов повеќе од 10 години. „Секое чудо е за три дена, иако секое раскинување е болно“, вели Лозано.
За разделбата со Савка и како го преброди раскинувањето, за тоа зошто реши да не се појави и да не пее на прославата за ЕУ и НАТО во Охрид и дали тоа му донесе последици, за спотот во кој има провокативни сцени, за љубовта кон фудбалот, за свадбите, за концертот, за тоа зошто мораа да ја сменат песната со покојната Есма за да пеат на Евросонг ….гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев