Сакав Хана пешки, за рака да ја однесам в црква, за жал моравме да бараме обезбедување: Искрено со Петар Грашо

By

Хрватскиот пејач и композитор Петар Грашо беше два дена во Скопје. Кога е тука вели дека едвај чека да седне во кафеана. „Ма тоа го нема нигде ко тука. Седнуваш на маса, те чека ајвар, леб, сирење, маслинки, па уште некое добро вино. Оливер Драгојевиќ на времето ми викаше: ‘Кога ќе доаѓаш во Скопје на концерт, дојди два три-дена порано, тука има и вино и музика’,“ искрен е Грашо.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје беше и сопругата Хана, со која се ожени пред неполн месец. Тоа беше една од најозборуваните свадби во регионот. Хана е ќерка на Тончи Хуљич, а Грашо беше 24 години во љубов со Данијела Мартиновиќ со која беа неразделни.

„Многу се пишуваше за мене и Хана. Се пишуваше сешто, а некои медиуми не беа фер, но генерално повеќето беа коректни“, раскажува во интервју за „Репортер“, хрватскиот пејач.

И додава: „Сакавме со Хана фатени за рака пешки да се прошетаме низ малите сплитски улички па да дојдеме до црквата и да се венчаме. Се случи баш спротивното. Моравме да дојдеме со три црни коли и обезбедување, затоа што имаше 50 новинари“, раскажува Петар Грашо.

Не крие колку е вљубен во Хана, а дека е среќен оти се оженил, па вели: „Бракот е нешто убаво, и нешто кое го правиш со човек што го сакаш и со кој сакаш да останеш“.

Далматинец од Сплит кој со саати лови риби и лигњи и не признава добар ручек без шише вино. Грашо е исклучително спонтан и едноставен. Со сто мераци зборува за Трогир, каде во еден залив има куќа покрај море и таму сака со саати да лови риба, да плива, да готви и да пие вино.

„Ќе се качам на мојот брод, мал е 7 метри и цел ден можам да го минам со јадицата во раце“, искрен е Грашо.

Освен што е пејач, тој има и кафеана 25 години. „Адријатик“ на Грашо е свратилиште и на сплиќани и на туристите, па оттаму е и угостител, оти кога не е пејач, до утре може да раскажува како се готви.

Несудениот кошаркар, кој иако потпишал договор со „Југопласитка“ и требал да замине за Чикаго, Тончи Хуљич го убедил да свири во групата „Магазин“. Каков е Грашо кога не е на сцената, како се спремаат лигњи на два начина, за кумството со Дино Раѓа, дали Тончи го смени односот кон него откако ја ожени ќерка му, за Оливер до чии совети и денес се држи никогаш да не глуми ѕвезда… гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Ќе ви се допадне

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

anime online ANIMEFLIX Attack on Titan Season 2

ANIMEFLIX My Hero Academia Season 5

animeflix SK8 the Infinity

ANIMEFLIX Ranking of Kings Episode 16

watch anime online ANIMEFLIX Naruto: Shippuden

tải go88