(Видео) „Секој развод е тежок, ама откако ставив крај на бракот сум посреќна“, искрено со дизајнерката Тања Кокев

Македонската модна дизајнерка, Тања Кокев, 14 години успешно ја гради својата модна приказна промоворајќи ја македонската мода. Од јавни личности до политичарки, но и сосема обични дами ги носат нејзините креации. Последното за што се зборуваше беше Холивуд кога тимот на „Медена земја“ отиде по „Оскарите“ во нејзини креации. „Задоволство беше да се изработи фустанот на Атиџе, која сепак самата си кажа каква боја сака да носи и како да изгледа. Во фустанот, кој беше рачно изработен, го имаше оној Кокев-момент во нагласувањето на половината. Мажите беа поедноставни за облекување затоа што во прашање беа костуми“, вели Кокев.

Единствено, режисерката Тамара во последен момент откажа, па не носеше нејзина креација. „Навистина жалам што таа реши да се претстави со нешто што веќе некој претходно го носел, а не со нешто уникатно. Не мораше да биде мојот бренд, можеше да биде кој било, ама да е македонски дизајнер“, раскажува Тања, некогашна новинарка и историчар на уметноста.

Иако му стави крај на 15-годишниот брак, сепак реши да го задржи презимето на поранешниот сопруг. Вели, тоа е дел од неа и за неговата популарност само таа е заслужна.

За разделбата со сопругот и за бракот во кој не била среќна, за тоа како ѝ кажала на ќерка си за разводот, Тања раскажува во интервјуто. Но, и за тоа какви биле фустаните што не стигнаа на „Оскарите“, а требаше да ги носи Тамара, за соработката со политичарките и која прва дошла во нејзиното студио, за македонската мода и за дилемата дали скапото е секогаш вистинскиот избор, ама бадијала ако не знаеш како да го носиш… гледајте во интервјуто.

Алкесандра Георгиев

Scroll to Top