Текстописец, автор на љубовни песни, аренби-пејач и диџеј. Башка аеродромец, страстен навивач на МЗТ и „Хајдук“. Панчо од ДНК, или Владимир Блажев, е една од оние личности со кој муабетот едноставно ви оди. Диџеј Шорти (прекарот го добил во Аеродром оти не е многу висок) зад себе има куп интересни приказни. Една од нив е и онаа дека гласно кажува сè што мисли, па го нарекуваат вмровец.
„Добро, одамна ме поврзуваат со претходната владејачка гарнитура зашто пеев на нивните митинзи. Ама пеев и за другите. Ама знаете, јас порано се нервирав, сега веќе не. На крајот, можеш да бидеш најголем партиски гад и сè е добро додека никој не ти ги меша фамилијата или децата во тоа“, искрен е Панчо.
Но, за него не е само оваа приказна. Има многу. За тешките денови кога се работело сè за да се протурка денот оти немале доволно, за животот со мајка му, за нејзината болест, но и за тоа дали се разведува, во какви односи се со Андреј, иако пеат заедно, за кавгата со Слаткар, за хуманитарните активности на ДНК, за синовите, на кои им даде имиња по најдобрите другари… гледајте го интервјуто.
Александра Георгиев