Цеца виде во мене потенцијал, планирам да се селам во Белград: Андријана Петрушовска за популарноста во „Гранд“

Андријана Петрушовска (22) од Скопје беше меѓу десетте финалистки во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“’. Иако не победи, таа остави впечаток на публиката, освен со настапите и со атрактивниот изглед. Месец дена по финалето, Андријана настапува низ градовите во Македонија, а има и покана да замине за Србија и тим со кој работи на музичката кариера.

„Овој период настапувам по клубовите и дискотеките. Со мојот менаџер веќе работиме и на мојата прва песна, зад која стои Лазар Цветкоски и која ќе излезе во септември“, ни откри ѕвездата на Гранд.

Една година помина во Белград па вели дека е среќна што била дел од шоуто. Ментор ѝ беше Ѓорѓе Давид, со кого и се слушаат и се гледаат.

„Иако некогаш беше строг, тој ми е како татко и навистина сум среќна што имав чест да работам со него“ вели Петрушовска за „Репортер“ и најави дека се наскоро во Охрид ќе има завршен концерт на финалистите на Гранд.

Со Андријана зборувавме за членовите на жирито, за дружбата со Цеца која во неа видела потенцијал. Вели: „Српската мајка е кралица, а со ќерка ѝ се запознавме во казино“.

Андријана студира соло пеење и свири пијано. Љубовта кон музиката ѝ била од дете, па затоа почнала да пее. Не заради финансии или заради популарноста, но сега веќе е свесна што сè носи овој начин на живот. За коментарите околу облеката, кои беа негативни, вели: „Имаше негативни коментари, многу, но јас решив да ги занемарам. Важно е дека јас за себе мислам дека изгледав супер и не е важно што велат другите“. Зборуваме за долгата врска и додворувачите, кои постојано ѝ пишуваат пораки. „Има и непристојни, но и тоа е дел од цената на популарноста“, вели Петрушовска. Малкумина знаат дека на еден настап таа носеше крилја од 14 килограми ама и дека пееше во финалето со инјекции и болки во кичмата.

Која е Андријана Петрушовска, што се случува зад завесите на Гранд, што ѝ донесе учеството во популарното шоу, гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев

Scroll to Top