„Уште на втор состанок Стево сакаше да ме земе за жена“, искрено со сопругата на претседателот Пендаровски

Докторка Елизабета Ѓорѓиевска, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, секојдневно оди на работа на Клиниката за стоматологија, каде постојано е со своите пациенти. Без обезбедување, се движи нормално, а не изостанува ниту од предавањата со студентите на Стоматолошкиот факултет, каде што е професор.  Вели, новата улога, сопругата на претседателот,  не ја променила и дека се труди да остане истата личност.

„Кога бевме на отворањето на ‘Манаки’ напишаа на Твитер дека сме чекале во редот. Нема зошто да не чекаме,  па сите ние сме исти“, вели Елизабета, која во  интервју за „Репортер“ првпат зборува за тоа каква е приватно.

За неа има многу интересни приказни. Како и онаа за презимето, оти решила да си го задржи само своето.

„Тогаш имав многу причини за тоа. Стево немаше никаков проблем со тоа, ама драмата се направи кога требаше да се роди синот Оги.  Сакајќи да ги скратам формалностите, испадна проблем, па мислеа дека не сме во брак“, раскажува сопругата на преседателот Пендаровски.

За тоа како е да се живее со преседателот, колку се различни, за  нивната љубов, за тоа кој прв попушта кога ќе се скараат, кој е строг по дома, докторка Бети, како што ја викаат нејзините блиски, има своја  приказна. Но,  и за  тоа дали им прогледува низ прсти на студентите, за модата и облеката кога е на јавни настани, омилените патувања, рецепти, витката линија,  детството, студентските денови… Гледајте го интервјуто.


Александра Георгиев 

 

 

Scroll to Top