„Утринска на Телма“: Во пижами си ги кажуваме тајните

„Утринска на Телма“ в сабота во скопското кафуле „Кастм“ ќе го слави вториот роденден. Утринската емисија, зад која стојат Цеце Трајковска, Елена Митева, Гоце Андреевски и Марко Марк, дефинитивно, си го обезбеди своето место во медиумскиот простор.

Но, она што секогаш импресионира кај нив е тоа што и гледачите пред малите екрани може да ја почувствуваат заедничката енергија што ја имаат четворицата водители. Во емисиите им поминале многу гости. Но, освен работата, тие и приватно се дружат.

И нам, во студиото на „Репортер“, ни открија како е да се биде во „Утринска на Телма“. Интересно е да се биде дел од нивните приказни. Од тоа кој прв дошол во „Телма“, како паднал договорот за емисијата, како ги избираат гостите, како се справуваат со непријатни ситуации или непристојни пораки.

„Луѓето ја чувствуваат енергијата со која ние сме поврзани. Секогаш сме оригинални и пред камерите и искрено си кажуваме како се чувствуваме додека тече емисијата. Веројатно затоа и ѝ се допаднавме на публиката“, велат четворицата колеги, но и пријатели. Кој најмногу се лути, кој едвај се буди за емисија, кој најтрезвено размислува… за сѐ имаат по некоја приказна. Една од нив е заедничкиот тим-билдинг на карневалот во Струмица кога облечени во пижами, едни на други си ги споделувале тајните. „Како средношколци на екскурзија, си зборувавме за сѐ, од првите симпатии до тинејџерските денови, што сѐ не си кажавме. Ама ние навистина сме како браќа и сестри“, велат „утринците“.

Во пресрет на својот роденден снимија и фотосесија во Градскиот парк за која велат дека немало подобра забава од тоа кога заедно снимале.

 

Scroll to Top