„Во моментот кога ми се распаѓаше светот, ми се роди ќерката“, отворено со Коста Петров новиот потпретседател на СДСМ

Новиот потпретседател на СДСМ, Коста Петров, јавноста го знае како успешен бизнисмен и писател. И токму затоа многумина беа изненадени кога беше избран за еден од првите луѓе во партијата, особено што не бил политички активен во минатото. Коста признава дека и самиот многу бил изненаден кога ја добил понуда од СДСМ, па дека му требале два месеца да реши што да прави.

„Направив листа на ‘за’ и ‘против’ и на крајот сфатив дека единствениот страв ми е само тоа што ќе кажат другите. Два дена пред да прифатам, сопругата ми рече: ‘Знаеш дека ќе ти биде криво ако одбиеш’, и во право беше“, ни раскажа Коста.

За сопругата Сања, со која е во брак десетина години, вели дека отсекогаш му била најголема поддршка. Таа му помогна и да го напише текстот за евровизиска песна Proud со која настапи Тамара во Израел и ѝ го донесе најголемиот успех на Македонија. Но откри дека за песната се инспирирале од нивната ќерка Бела. Па иако Коста и претходно пишувал текстови за песни, сепак публиката во Македонија повеќе го знае по неговите книги „Се гледаме на врвот“ и „Стравот“. Досега продал преку 40.000 книги, па со тоа е најпродаван писател во Македонија.

За тоа како реагира на коментарите дека книгите му се плагијат, за анксиозната и депресијата, за политиката и дали се плаши дека ќе потфрли во редовите на СДСМ заради новата функција, за проектот „Здраво Таравари“ зад кој стои Коста, за животот во Дубаи од каде се врати разочаран во Македонија…. гледајте го видеото.

Андријана Јовановска

Scroll to Top