Повеќе од четири децении – Здравко Чолиќ. Како дете на офицер, роден во Сараево, Здравко и брат му првин живееле сиромашно, па со социјализмот, скромно во воениот стан, од каде што ги носи сите детски спомени.
„Тоа е она време кога сè некако имаше повеќе душа, сè беше безгрижно, се знаеше што е комшиско, имаше почитување“, раскажува балканската ѕвезда, кој на 15 јуни ќе има концерт на Градскиот стадион во Скопје.
Одличниот ученик, кој сакал спорт и никогаш не сонувал дека ќе биде популарен од Вардар до Триглав, со насмевка се присетува на времето на поранешната држава. Од она време кога со хор на Бриони ја пеел „Друже Тито, ми ти се кунемо“ до тоа како е да се биде војник во ЈНА. И во целата таа популарност и армија жени, некаде на море, на Јадран, во Брела, ја запознава Александра, со која е 18 години во брак и за која ретко кога зборува. За љубовата, бракот, дружбите во Хрватска на море, за ќерките на кои не им е баш до музика, за популарноста. Но, и за дружбата со Љубе Бошкоски, за почетоците во кариерата, за тоа како е да се биде Здравко Чолиќ…
Гледајте го интервјуто
Александра Георгиев