1200 страници на експлицитни „геј“ разговори на свештеници

Досието што ги разоткрива двојните животи на 34 италијански свештеници е поднесен во највисоката епархија во Ватикан.

Адвокат хомосексуалец го составил тој попис тврдејќи дека сите свештеници кои биле следени биле хомосексуалци.

Во најновиот скандал што ја потресе Католичката црква 34 свештеници биле идентификувани како хомосексуалци.

Франческо Мангиацапра, кој ги поднел доказите, кои се состојат од скриншотови од разговорите на хомосексуалната мрежа „Гриндр“ и на социјалните мрежи „Телеграм“, „Фејсбук„ и „Ватс ап“, изјавил дека сака да го расветли лицемерието на тамошните членови и неказнивоста во католичката црква.

„Целта не е да ги повредиме споменатите луѓе туку да им помогнеме да сфатат дека нивниот двоен живот, колку и навидум да е прикладен, не е корисен за нив или за сите луѓе на кои би им бил потребен водич и пример кој треба да го следат“, изјави Мангиацапра, пренесува „Кориере дела сера“.

Според Мангиацапри, никој од свештениците не е осомничен за педофилија или какви било сексуални престапи. Тоа за што се обвинети не е злосторство туку грев.

Мангиацапра, кој работел како адвокат пред да стане самопрогласен жиголо, поднел листа со имиња и придружни докази до архиепископијата во Неапол нагласувајќи дека, иако е потпишана во негово име, пописот кружел на веб-страница веќе некое време.

Коментирајќи ги досиејата, шефот на архиепископијата, кардиналот Цресцензио Сепе, изјавил дека одлучил да ги пренесе документите до надлежните ватикански власти затоа што постои сериозност во случаите на оние кои се згрешиле и мораат да ја платат цената, и да им помогне да се покаат за стореното зло.

Свештениците кои се наведени во документите, додал, доаѓаат од различни парохии и ниту еден од нив не доаѓа од Неапол.

Италијанските медиуми, кои исто така прикажаа инкриминирачко досие, ги цитираат разговорите, без откривање на имињата кои се вклучени.

„Ако сакаш, по цел ден би те држел како роб, врзан и по моите заповеди“, гласел еден од ретките разговори на разоткриените свештеници од католичката црква, наведува „Тискали њус“.

Продолжува

 

Scroll to Top