16 знаци кои ви говорат дека сте роб на Матрицата (Matrix)

Денешниот свет е чудно место. Ние сме преплавени со сигнали уште од раниот живот, кои не поттикнуваат секој од нас да одиме по одреден пат, добивајќи слепило кое не обесхрабрува во потрагата за алтернативите, за разлика од она што го прави стадото.

Животот е толку комплексен со времето ако му обрнеме внимание, па ќе почнеме да сфаќаме дека постојат бесконечен број на можности, за тоа како би изгледало човечкото искустсво. Ние гледаме дека светот е во пламен, затоа што поединци премногу ретко се прашуваат зошто работите се такви какви што се, а не успеваме да приметиме дека нивниот начин на размислување и однесување треба да се прилагоди во корист на повеќе интелегентните, здраворазумските и одржливите форми на постоење.

Не би требало отворено да го критизираме ничиј животен стил или лична ситуација, но следните 16 знаци ќе ви покажат дека сте роб на Матрицата, и дека знаците се наменети исклучиво како опсервациски пристап и помош при идентифицираните подрачја на вашиот живот, во кои можеби сте пропуштиле можност да се ослободите од туѓиот само-деструктивен дизајн за својот живот.

16 Знаци дека сте роб на Матрицата

1. Плаќате данок на личноста која би сакала да ве види во затвор. Ова можеби е најголемиот показател дека сте робови на матрицата. Традиционалниот поим ропство, отсликува слика на луѓе во синџири, присилени да работат на плантажите како поддршка на богатите сопственици. Современата верзија на тоа е присилено оданочување, каде нашите приходи автоматски се „одвојуваат“ пред да некогаш ги видиме тие пари, без оглед на тоа дали или не, ние одобруваме како тие пари ќе бидат потрошени.

2. Посетувате лекар, но пак сте болни. Модерната здравствена заштита, низ целиот свој напредок во текот на времето, за жал стана „болесна заштита“, каде само ретките се советуваат како добро да се хранат и имаат тенденција кон менталното и физичко здравје, но, наместо тоа, рутински се советуваат да се конзумираат скапите лекови и постапки, кои се туркаат од страна на здравствената матрица, а се со цел да се оствари профит.

3. Сте гласале за Десничарите или Левичарите и расправате со своите пријатели, семејства и сонародници за политика. Така изгледа стратегијата на контрола „подели па владеј“ во нашето општество. И двете главни партии се корумпирани, а независните кандидати не смеат да постојат. Верувајќи во една од тие партии и трошењето на вашата лична енергија низ расправијата со другите обични луѓе кои ја предале својата душа на матрицата, го одработувате својот удел, пазејќи да „ние луѓето“, никогаш не бидеме обединети против корупцијата.

4. Вие напорно си ја работите работата која ја мразите за да заработите безвредни пари. Работата е важна, а со парите ги плаќате сметките. Но, колку луѓе ги губат најдобрите години од својот живот работејќи го она што го мразат, само за пари. Вистината за пари денеска е да немаме пари, но наместо тоа имаме инфлаторна валута, која е во приватно сопствеништво и со која се манипулира. Бидејќи сеуште е потребно да набавите пари во овој свет, најдобро е да создадете вредности, трошејќи го своето време работејќи нешто, што ви се допаѓа, или работејќи со луѓето кои не ги презирате. Полесно е да се живее со помалку пари, отколку што можеби мислите дека ви се потребни, само морате да бидате подготвени да одите против струјата за да тоа го сватите.

5. Подготвени сте да изградите личен долг за да би го финансирале потрошувачкиот ориентиран начин на живот. Секој пат кога ќе повлечете кредитна картичка, таа создава бројки на билансот на банката, која најмногу вклучува и финансиски грабеж во денешниот свет. Овие бројки потоа електронски, од страна на фракцискиот резервен систем, експоненцијално ја зголемуваат моќта на тие институции. Судејќи според тоа, и прифаќањето да ги плаќате тие пари, со камати, за да се одржува одреден стил на живот, е силен показател дека долгот е еден од главните начела на матрицата – конзумеризмот.

6. Можете да разговарате со реалните луѓе за тоа што се случува во ТВ емисиите. ТВ е најмоќен алат кој се користи за контрола на умот, а „програмирањето“ се спроведува низ супер забавни емисии кои се насочени на засилување на одредени однесувања меѓу масите. Драматизирањето на Егото на ТВ е многу важна работа, преку сексуализацијата, славењето насилие, и учејќи ги луѓето на покорност кон лажната власт – се главното обележје на модерната ТВ. Земајќи го во предвид она што се случува на ТВ екраните и сметајќи го тоа како дел од вашиот реален живот, ја одработувате вашата работа, ја поддржувате Матрицата која има желба да ве збуни во реалноста, а тоа е доказ дека нешто мора навистина да се случи, за да луѓето чувствуваат дека навистина се случило. Тоа е Телевизијата.

7. Мислите дека не морате ништо да криете од тоталниот надѕор. Ако не ви смета да некој, некаде, работи за некого, кој вас ве надгледува, слушајќи ги вашите рагзовори, и следејќи ги вашите чекори, тогаш сте добар роб во матрицата. Невидливиот надѕор е опасен облик на контролата на мислите и со помош на логиката која гласи „Немам што да скријам, па затоа нема да ми направи никаква штета ако бидам надгледуван“, безглаво сте признале дека имате земејн господар и немате суверенитет на умот и телото.

8. Мислите дека светот би бил посигурен ако само владата би имала оружје. Ова е насилен свет, а криминалците се занимаваат со криминал против чесните луѓе, на сите нивоа на општеството, вклучувајќи ја и самата Влада. Се разбира во совршениот свет оружјето не би било неопходно за секого; но, за жал, нашиот свет е само несовршен, а оружјето навистина е многу ефективна форма на заштита, подеднакво од вообичаените криминалци и од насилната Влада. Подготвеноста да се одречете од своето право на самоодбрана, е знак дека сте ја отфрлиле личната одговорност кон некој друг. Кога масата ќе се одрече од својата лична одговорност, тоа е еден од најважните аспекти за помош кој се контролираат. Добродојдовте во матрицата.

9. Свесно пиете флуоридизирана и хлорирана вода. Од сите здравствени расправи кои се одвиваат денеска, темата флуор во водата, е најлесно да се разбере, затоа што тој е отровен нуспроизвод на индустрискиот процес. Водата наводно се флуоридизира за здрави заби, што е спорно само по себе; но, кога тоа би било така, тогаш присилната флуоридизација на јавното водостопанство, би било лек кој ви се дава без ваша согласност… а тоа е облик на робство. Знаејќи го тоа и понатаму пиењето на флуоридизирана вода, е знак дека сте задоволни со своето робство во матрицата. Овде се научно потврдени причините дека објавувате војна со јавното ставање на флор во јавното водоводно претпријатие.

10. Свесното конзумирање на отрови како MSG (натриум глутамат) и аспартам. Тие две хемикалии на големо се познати како отровни за човекото тело. Знаејќи го тоа и понатаму се труете со вкусна, но натоварена со хемикалии и преработена храна – е знак дека матрицата ве програмирала да ставите помала вредност на вашето здравје и иднина, отколку на вашата непосредна благодарност.

11. Зависите од фармацевската индустрија на комплекси кои управуваат со вашето ментално здравје. Потрошувачката на психотропни лекови расте многу брзо во нашето општество, затоа што луѓето се уверени дека менталната состојба е слична со физичките болести, додека вистината за природното ментално здравје е замаглена од страна на корпоративните медиуми, и за добивка која ја зема медицинскиот естаблишмент.

Ако ги земате психотропните лекови, тогаш сте во еден од најсилните облици на контрола на умот, кои денеска ви е на располагање. Дел од оваа контрола, е да ве уверат дека немате овластување над својот ум. Тоа е можеби најстрашната лага на матрицата, и доброволно земањето на тие психотропни лекови во склоп со стандардите, е најлошиот вид на робство, а забраната на вашите природни ментални и емоционални рекации на животни стресови е сигнал дека морате да го промените своето однесување и навики.

12. Уште не сте престанале да ги гледате своите локални и национални вести. Главните вести во медиумите се средство за контрола и манипулација и ги поддржувааат нивните идеи и погледи на свеот и давајќи им го своето внимание, вие всушност волонтирате да бидете роб во тој, не така суптилен облик на ментално програмирање. Дури и кога локалните вести се скритпирани (програмирани да бидат исти на сите ТВ) на национално ниво од страна на агентите на корпорации со задача да го обликуваат вашето мислење за настаните.

13. Повеќе се занимавате со приказните за спорт или други несовесни одвлекувања на вниманието, за разлика од квалитетот на својата природна околина. „Deepwater Horizon“, длабинско фрактурирање, Фукушима се настани кои го менуваат вашиот живот и кои сериозно влијаат на нашата иднина на планетата Земја. Да се биде рамнодушен кон сето тоа, додека се ѕверите и зборувате за спортски тривијалности и го живеете животот темелен на одвлекување на вниманието со неважни работи, е знак дека вашата смисла за самоодржување е украдена и заменета со имплузивна тенденција на тривијалност и ескапизам.

14. Сомнителни сте кон било кое подрачје од животот, кое не е „докажно“ или потврдено од страна на модерната наука. Есенцијата е вид наука на истражување на непознатото, имплицирајќи дека науката може да се сфати како нешто што е необјасниво. Науката дискредитира, или ги исмејува искуствата кои другите луѓе ги имаат, но и избегнува научно разбирање, како вонтелесно искуство, акупунктура, или настани кои го менуваат животот, а кои не се научно докажани, тогаш „робски“ го намалувате своето разбирање за светот, во тесниот опсег на опции. Матрицата е овозможена со напорите на волонтерите вратари, кои не се волни да размислуваат надвор од кругот.

15. Никогаш не сте ја преиспитале популаризираната верзија на древната историја и потеклото на нашата цивилизација. Постојат многу неодговорени прашања за потеклото на човечката раса, кои укажуваат на различни верзии за човечката историја, за разлика од оние кои се учат во школо. Никогаш не се преиспитува тоа што ни го рекле за нашето потекло, а тоа можат да бидат само соучесници од нарачаниот систем на верувања и кусиот поглед кој го промовира Матрицата.

16. Уште не сте сватиле дека сте духовно суштество, кое го живее човечкото искуство.

Ако се пронајдовте во било која од точките на горенаведениот попис, тогаш сте заробени во Матрицата, и сега ваша должност е да подлабоко и посилно да се пуштите во вашето ослободување.

 

Scroll to Top