Симпсонови го предвидоа и нападот на америкаскиот Конгрес

Авторите на „Симпсонови“ многупати досега во серијата предвидоа работи што ќе се случат, и тоа неколку години однапред. Тие одамна предвидоа дека Доналд Трамп ќе биде претседател на Америка, падот на Кулите близначки, коронавирусот, убиството на Џорџ Флојд… Па така и овојпат, откако пред неколку дена беше нападнат Капитол хил, во јавноста се појавија снимки од епизодата што се емитуваше на 17 март 1996 година. Во неа е прикажано насилството што се случи во американскиот Конгрес, откако приврзаниците на Доналд Трамп упаднаа во Капитол хил за да спречат Конгресот да ја потврди изборната победа на Бајден.

Во 18. епизода од седмата сезона на познатата анимирана серија, со наслов „Денот кога насилството умре“, има ликови, кои не се прикажуваат како луѓе, а кои упаѓаат во Капитол, држејќи пушки, па дури и бомби. Во истата епизода, кловнот Красти претставува „Јас сум амандманот што ќе биде“ во обид да го спречи палењето на знамето со уставен амандман.

Но, во исто време на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат и делови од „Симпсонови“, за кои многумина веруваат дека се предвидувања за 20 јануари, денот кога Џо Бајден треба да положи заклетва како нов претседател на САД.

Сликата што се споделува на „Твитер“ е од епизодата „Куќата на дрвото од хоророт 31“. Тоа е четвртата епизода, од 32. сезона од серијата, која беше прикажана на 1 ноември 2020 година. На неа се гледа Спрингфилд во хаос, расфрлен со апокалиптични слики, додека Хомер Симпсон седи вооружен на покривот од својата куќа. Подолу е датумот 20 јануари 2021 година. Иако никој конкретно не коментира што значи ова предвидување, на „Твитер“ се прашуваат дали се можни немири и убиство на денот на инаугурацијата на новиот американски претседател.

Scroll to Top