Александар Лукашенко: Опозицијата не сакаше пребројување на гласовите и нови избори, само доброволно да ја предадам власта

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјавил дека белоруската опозиција не сакала повторно пребројување на гласовите, ниту пак нови избори. Тие само сакале тој доброволно да ја предаде власта.

„На деветти август тие не успеаа да ги затворат избирачките места за гласање – блицкриг. Блицкриг не успева. Опозицијата предложи повторно пребројување на гласовите. Кога рековме дека сме подготвени за такво нешто, за нив тоа не беше важно. Паралелено почнаа нивните постапки и почнаа со мирни протесни прошетки. Што бидна од тоа? Ништо. Тогаш побараа изборите да се повторат“, изјаивл Лукашенко, а пренесува телевизијата „Белорусија 1“.

Според зборовите на претседателот, кога опозицијата добила сигнал дека може да се повторат изборите, следното нивно барање било тој доброволно да ја предаде власта, односно да ја предаде земјата.

„Нивната подоцнежна акција, во Минск, беше остра радикализација, повик на штрајк, повик до граѓаните веднаш да ги извлечат депозитите од банките“, додал Лукашенко.

Масовните протести на опозицијата почнаа во Белорусија на 9. август, по претседателските избори. Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите победил актуелниот претседател Александар Лукашенко, со 80.1% од освоените гласови.

Опозицијата не ги признала резултатите од изборите и сметале дека победила Светлана Тихановска.

 

Scroll to Top