Америка нема да го дочека судниот ден, мала нација ќе ја избрише од лицето на земјата

By

Американскиот пастор Грег Лори, кој припаѓа на христијанската група Харвест во Риверсајд, Калифорнија, смета дека САД би можеле да бидат уништени во нуклеарна војна пред да почне крајот на светот.

Пасторот Лори вели дека пророштвото го открил откако ја прочитал Библијата и открил дека во последните денови не било спомнато „владеење на суперсила“, нешто што го протолкувал дека САД ќе бидат уништени.

„Па каде е Америка? Во приказната за судниот ден не се споменува светска суперсила. Се појавуваат други нации“, вели Лори.

 

Како што стојат работите, се чини дека нацијата која, најверојатно, ќе ги нападне САД со нуклеарно оружје ќе биде Северна Кореја.

Но, како што истакнува Лори, не се споменува и нацијата на Ким Ѓонг Ун, но се говори за Иран, кој би можел да ѝ помогне на Северна Кореја.

„Во последните денови не се споменува ниту една нација која би личела на Северна Кореја, но Библијата говори за Иран во сцените за крајот на времето“, вели Лори.

„Можеби ќе бидете изненадени доколку знаете дека постои врска меѓу Северна Кореја и Иран“, вели тој.

Ќе ви се допадне