Америка потрошила 5,6 билиони долари на војни по 11 септември 2001 година

By

Вашингтон од 2001 година па до ден денешен потрошил неверојатни 5,6 билиони долари на војните во Авганистан, Ирак, Сирија и Пакистан. Ова го пишува во студијата на Институтот „Ватсон“ за меѓународни и јавни односи на Универзитетот „Браун“.

Во истражувањето било откриено дека до крајот на септември американските војни, во комбинација со дополнителните додатоци направени за државната безбедност и Министерството за одбрана и ветерани, чинеле повеќе од 4,3 билиони долари. Тоа важи за периодот од 11 септември 2001 година.

Тој број пораснал на 5,6 билиони долари кога ги додале и фиксните трошоци за 2018 година, заедно со проценетите идни трошоци за ветерани.

Студијата истакнува дека оваа бројка драстично се разликува од онаа од 1,52 билиони долари, колку што војните ги чинеле американските даночни обврзници во периодот меѓу фискалните години во 2001 година и 2018 година, истакнал Пентагон. Тој број е добиен од претходна студија на Пентагон под името „Проценка на трошоците за војните во Авганистан, Ирак и Сирија.

Од Институтот тврдат дека користеле „сеопфатна проценка“ на глобалните војни против теророт повикувајќи се на вкупен приближен трошок од 23,386 долари по американски даночен обврзник.

Постои разлика меѓу оваа проценка за трошоците за војна и другите проценки, кои покрај трошоците од Пентагон, ги опфаќаат и трошоците од типот на воената потрошувачка на Министерството за одбрана, како и друг вид трошоци за војна, вклучувајќи ја и потрошувачката од страна на Стејт департментот, Одделот за ветерани и државната безбедност, стои во извештајот.

Дополнителните трошоци ги вклучуваат и трошоците како што се давањедолгорочна медицинска помош за ветераните. Таквите додатоци се многу важни во пресметката на трошоците за војни, според студијата на авторот Нет Крафорд.

„Дури и ако денеска престанеме да војуваме, треба да додадеме 7,9 билиони долари на националниот долг“, изјави сенаторот Џек Рид.

Студијата се чини дека ја поддржува ваквата изјава истакнувајќи дека на акумулираната камата на позајмените пари сега би можеле да се додадат и дополните 8 билиони долари државен долг во наредните неколку децении.

„До 2056 година конзервативната проценка е дека трошоците на каматата би биле 8 билиони долари, освен ако САД во меѓувреме не го променат начинот на кој ги финансираат војните. Иако тоа е многу малку веројатно, Конгресот може да одлучи да ги зголеми даноците или да продаде голем број воени обврзници за  и понатаму да ги плаќа кредитите со помош на кои ги води војните“, пишува во студијата.

Што се однесува до поедини војни, студијата наведува дека двата најголеми трошоци биле војните во Ирак и Авганистан. Во неа пишува дека потрошувачката за војните многу пораснала во 2008 и 2011 година.

Ќе ви се допадне