Американска амбасадорка, сака нуклеарното оружје да го пренесе од Германија во Полска

Американската амбасадорка во Полска, Џорџет Мосбахер (73) ги изненади сите со својата изјава дека сака американското оружје да го пресели од Германија во Полска. Експертите велат дека ваквата идеја е многу опасна и може да предизвика тешки и сериозни последици.

Експертите се прашуваат дали нејзината изјава е одраз и на американскиот врв. Мосбахер е американски дипломат, која зад себе има три брака со постари богати мажи, а има влезено и во книгата „Ловци на богатство: Волшебни жени и мажи со кои се венчаа“, на авторката Шарлот Хејс.

Во книгата Мосбахер се споменува со низата на бројни жени од историјата, кои добро поминале во изборот на нивните партнери и го искористиле својот шарм за да извлечат пари од нивните љубовници.

Мосбахер е родена како Џорџет Полсин во Индијана, а завршила на школата за бизнис на Универзитетот во Индијана. Откако дипломирала, Полсин се вработила во рекламна компанија во Детроит, а потоа му се приклучила на својот брат Џорџ во Лос Анџелес во 1971 година.

Две недели подоцна, на аукцијата за агенцијата Sotbis, била забележана од богатиот трговец за недвижности Роберт Муир и како се наведува во книгата „Ловци на богатство“, му се доближила, претставувајќи му се како новинар, само за да го запознае.

Година дена подоцна, двајцата се венчале. Тој имал 40 години, а таа 25. Додека била во брак со него, имала неколку помали улоги на филм и на телевизија, пишува AllGov.com.

По разводот од Муира во 1977 година, Мосбахер нашла постар, побогат маж, Џорџ Бари, кој и бил шеф во компанијата „Фабреже“, каде работела како директор на маркетинг.

Се венчале во 1980 година, кога тој имал 67. години, а таа 33. години. Го оставила во 1981 година, а се развеле во 1982 година, по наводите за физичко злоставување, кое тој го негирал.

По активното барање на сопругот број 3. Џорџет во Хјустон се запознала со нафтениот мултимилијардер, Роберт Мосбахер. Се венчале во март 1985 година, кога тој имал 68. години, а таа 38. години. Само неколку години подоцна, во 1989 година, Роберт, кој бил близок пријател со претседателот Џорџ Буш постариот, станал министер за трговија.

Иако трипати се мажела, Џорџет нема деца. Но, таа е голем љубител на кучињ, особено шпаниел, а во една прилика изјавила на новинарите дека планира да клонира едно од нив.

Претприемачка 

Тогаш купила една козметичка компанија, која била на работ на пропаста и создала свое деловно царство. Таа година, под претседателството на Буш, таа се фалела со богатството, што е предмет на многу критики. Во текот на осумдесетите и деведесетите години, таа беше популарна тема меѓу новинарите.

„Лос Анџелес Тајмс“, напиша дека таа му е ривал на Доналд Трамп, како личност за која најмногу се пишува, а која не сакате да ја читате. Подоцна ја продала фирмата, а ја покренала „Џорџет Мосбахер Ентерпрајз“, консултантска компанија за делување и финансирање.

Таа и Мосбахер се развеле во 1998 година. Самата Мосбахер напишаа книга која во делови е автобиографија, дел книга за самопомош за жените, а во која ги советувала жените како да најдат богати мажи.

 

 

Со години Мосбахер била посветена на републиканската партија, воглавно како нејзин финансиер и како дел од бројни комитети. Таа работела и како копретседавач на Комисијата за финансии на Републичкиот национален комитет, а соработувала и со Националниот републикански сенатски комитет.

Сепак, тешко е тоа да е доволна причина да се најде на чувствителната позиција како што е амбасадор на САД во Полска, земја која се граничи со Русија и во која владеат комплицирани политички односи.

А Мосбахер е тука поставена без никакви познавања на политиката на Полска, Русија или НАТО.

Зошто нејзината изјава е опасна

Сепак тоа не ја спречи да предложи на полската територија се најдат американските нуклеарни бомби.

„Ако Германија сака да ги најми нуклеарните капацитети и да го ослаби НАТО, тогаш можеби Полска, која го плаќа својот правичен дел, разумна разлика и се наоѓа на источниот блок на НАТО, би можела да ги смести на нејзина територија овие капацитети“, напишала таа на „Твитер“.

Таа изјава е опасна од повеќе причини. Меѓу останатото, поставувањето на американските нуклерарни бомби Б61 во Полска, би ја направила земјата ранлива на руски напад во криза или било какви конфликти. Русија ги распореди своите балистички ракети „Искандер-М“ во Калинград.

Со домет до 500 километри, овие ракети можат да погодат цели во речиси цела Полска во рок од неколку минути со многу мали предупредувања.

И понатаму е јасно дека таквиот потег, Русија може да го види исклучиво како провокација, а тоа на никој не му оди од рака. Освен тоа, би се предизвикале поделби внатре во самиот НАТО. Членовите на Алијансата од 1997 година, изјавиле дека немаат намера, план и причина да го распоредат нуклерарното оружје на територијата на новите членки на НАТО.

Тие тоа го вградија во основачкиот акт, кој се воспостави меѓу односите меѓу НАТО и Русија.

Ја одржува идејата на Трамп?

Она што е важно за светот е дека таа нејзина изјава е работа на нејзиното незнаење или зад неа се крие ставот на Доналд Трамп. Американскиот претседател Доналд Трамп, на бројни амбасадорски позиции ширум светот, поставил луѓе, кои му се лојални и кои дефакто, ги изнесува мислењата кои како да излегле од неговата уста.

Ни Мосбахер не е исклучок од тоа. Мосбахер го поддржа Трамп во трката против Хилари Клинтон, па дури и кога се објави онаа злогласна снимка на која таа говори дека жените треба да се фатат за пи**а, за него имаше само пофални зборови.

„Тој е пристоен човек“, изјавила таа.

Мосбахер во моментов се препукува преку „Твитер“ со кинескиот амбасадор во Полска, на сличен начин како што тоа Трамп го прави со кинеските власти, обвинувајќи ги за криење на податоци за коронавирусот. Дали нејзината изјава е во согласност со неговите замисли и идеи, останува да се види.

 

 

 

 

 

Scroll to Top