Американците веруваат дека наскоро ќе почне Третата светска војна

Анкетата на весникот „Воен тајмс“ покажува дека речиси половина од американските војници сметаат дека САД наскоро ќе биде вовлечена во Трета светска војна. Според резултатите од истражувањето, 46% од американските војници сметаат дека нивната земја ќе почне да војува пред крајот на 2019 година. Лани ваквото мислење го имал секој пет испитаник.

Повеќето испитаници (71%) сметаат дека Русија ќе биде главен противник во можната војна со САД, а на второто место е Кина (69%). Во 2017 година за Русија се изјасниле 53%, додека за Кина овој процент изнесувал 45% од анкетираните војници.

Но, војниците сметаат дека главната закана за националната безбедност на САД е сајбер-тероризмот – дури 89% од американските војници го делат ова мислење.

Од друга страна, половина од анкетираните војници сметаат едка нивната земја, сепак, нема да војува ни оваа наредната година. Минатата година така мислеле 67% од испитаниците.

Резултатите од анкетите покажуваат дека американските војници престанале да сметаат дека Северна Кореја е закана, а причината за тоа е политиката на Доналд Трамп кон Пјонгјанг.

Scroll to Top