Блиски пријатели на Арон Картер, Морган Метјуз и Брајан Кесиди се сомневаат дека познатиот пејач е убиен. Почнаа да се сомневаат откако мајка му, Џејн Шнек, објави нови фотографии од местото каде е најдено неговото тело.
Кесиди, кој беше близок со Картер во последните три години за „Пејџ Сикс“ рече дека некои од работите не му се поклопувале.
„Секогаш беше параноичен кон луѓето кои го бркаат. Се сомневаше дека некој го следи“, рече Кесиди.
Неговиот менаџер, Метјуз тврди дека раперот бил во близина на погрешни луѓе и често ја споменуваше неговата параноја додека заедно работеле на музички проекти. Според Метјуз, Картер тврдел дека луѓето го бркаат и дека сакал да си замине од градот. Дури и куќата ја ставил на продажба.
И Џејн се сомнева дека син ѝ се самоубил. Таа ги објави фотографиите на кои може да се види валкана када полна со зелена боја и облека. Разни работи биле расфрлани на подот, а за Џејн сомнително било тоа што пешкирите на подот биле совршено поставени.
Свршеницата на Картер, Мелани Мартин за TMZ во јануари рече дека текстуалните пораки кои раперот ги добил од неидентификуваните лица биле предадени како доказ. Изгледале како некаков договор за дрога, а Картер пораките ги добил неколку дена пред неговата смрт.
Инаку во споменатите пораки вклучувајќи ги оние од дилер на дрога кој се обидел да му земе 800 долари, се зборувало за непозната супстанца. Семејството се сомнева дека Картер веројатно подоцна се сретнал до дилерот за да набави дрога. На крајот земал супстанца која веројатно го убила.
И покрај шпекулациите околу неговата смрт, Метјуз рече дека музичарот сакал да живее и ја отфрли идејата дека неговата смрт била намерна. За потсетување полицијата откри куп лекови и компримиран воздух во неговиот дом.