Астронаут на НАСА тврди дека видел вонземјани

Американскиот астронаут Лиленд Мелвин на „Твитер“ објавил дека видел вонземјани во вселената, но брзо потоа го избришал твитот. Од контролниот центар на НАСА веднаш го демантираа и напишаа дека чудната слика што ја забележале, всушност, е мраз што го оштетил цревото со фреон.

Мелвин, сепак, не мисли така. Тој тврди дека видел „вонземјанин со проѕирен, заоблен, органски изглед“, кој лебди надвор од вселенскиот шатл . Се јавил кај своите претпоставени во контролниот ценатар на НАСА, но оттаму му рекле дека нема потреба за грижа. Астронаутот бил многу скептичен во врска со официјалното објаснување што му го дала НАСА, но смета дека не станува збор за намерна лага, пишуваат медиумите.

Тој изјавил и дека кога го видел вонземјанинот, првата работа што му паднала на памет да каже била – „Хјустон, имаме проблем“. Но, се премислил, оти сите ја кажувале таа реченица кога ќе се нашле во незгодна ситуација во вселената.

Scroll to Top