Белите дупки во вселената би можеле да откријат како настанал универзумот

Голем број астрофизирачи сметаат дека белите дупки во вселената, би можеле да ја решат вечната мистерија околу тоа како настанал универзумот пишува Mother Nature Network. Голем број научници сериозно ја разгледуваат идејата дека постојат места, од каде се што ќе проголта црната дупка, се исфрла преку белите дупки во вселената.

Црните дупки се места во кој просторот и времето се бесконечно закривени и каде што гравитацијата е толку силна што дури ни светлината не би можела да и побегне. Ниту една теорија не може да го објасни и опише моментот кога некоја материја ќе биде фатена во црната дупка.

„Ако некаде во космосот не постои излез, тоа е во средината на црната дупка. Или барем така мислевме до сега“, се наведува во сајтот Mother Nature Network, повикувајќи се на пишувањата на магазинот „Њу Сајенс“.

Во таа смисла, белите дупки во основа претставуваат спротивност на црните дупки, се посочува во текстот. Додека црната дупка има хоризонт на настани, кој, ако се премине, претставува точка од која нема враќање назад, белата дупка има хоризонт кој е спротивно на тоа. Таа одбележува точка на која не може да и се приближиме.

Хоризонтот на белата дупка е толку одбивен, што дури ни светлината не може да влезе во неа“, се наведува во текстот. Црните и белите дупки се инверзија една на друга во времето. Белата дупка во основа е иднината на црната дупка, а црната дупка е минато на белата дупка. Двете се вистински спротивности една на друга во секоја смисла.

Сепак, како што пишува сајтот, постои мал проблем со теориите за белата дупка. Никој никогаш не видел ниту една од нив. Тоа претставува малку чудно, имајќи го во предвид фактот дека ваквата дупка треба да претставува еден од најсветлите објекти во универзумот, поради енергијата која се исфрла од неа.

Од друга страна, црните дупки е невозможно да се забележат, но познато е дека ги има многу во вселената.
„Спротивно на тоа, белите дупки би требало да бидат светлосни сигнали на ноќното небо. Но, сепак досега немаме забележано ништо од тоа“, наведува сајтот.
Тоа е доволна причина, за голем број астрофизичари се посомневаат во нивното постоење. Но, како што нагласува  Mother Nature Network, не треба да се изгуби во предвид фактот дека голем број на луѓе во минатото биле скептични и со постоењето на црните дупки. Една од причините за верба во постоењето на белите дупки е тоа дека тие се теоретски погодни, наведува Mother Nature Network.

„Теоретската можност на белите дупки всушност ја предвидел Ајнштајн во една од своите теории за релативитет“, се наведува во текстот.

Доколку белите дупки постојат, тоа би им помогнало на голем број на научници да ги објаснат мистериите кои и понатаму постојат во врска со црните дупки. Белите дупки, би можеле да ги просветлат научниците кога станува збор за најголемата мистерија на сите времиња, потеклото на космосот.

Тие би дале алтернативен модел за „Теоријата за Големата експлозија“, сугерирајќи дека универзумот би можел да настане од претходните фази на нарушување на обратниот универзум. Ние би се наоѓале на крајот на белата дупка, на некогаш масивна црна дупка“, пренесува Mother Nature Network.

Додека не се открие барем една од ваквите бели дупки, најверојатно е дека тие ќе останат само теоретски куриозитет. Mother Nature Network напоменува дека постојат некои кандидати за вакви бели дупки, а како пример наведува дека научниците неодамна откриле мистериозни брзи радио импулси кои потекнуваат од длабочините на вселената, а кои досега не можеле да бидат објаснети од никого.

„Можно е тие моќни импулсни зраци потекнуваат од белите дупки. Тоа е само претпоставка во овој момент, но и потенцијална трага. Единствен начин навистина да откриеме е да продолжиме да набљудуваме“, заклучува порталот Mother Nature Network.

 

Scroll to Top