Бил Гејтс ја прими вакцината против коронавирусот

By

Основачот на компанијата „Мајкрософт“ и американски милијардер Бил Гејтс, откри дека ја примил првата доза на вакцината против коронавирусот. Тој им се заблагодарил на сите кои работеле на правењето на лекови и вакцини против Ковид-19.

„Една од добрите страни како 65-годишник е тоа што сум подобен за вакцина против коронавирусот. Ја примив првата доза оваа недела и се чувствувам одлично. Им се заблагодарувам на сите научници, доброволци, регулаторни тела и медицински работници кои се на првата линија на одбрана и кои не доведоа до овој момент”, напишал Гејтс на „Твитер“.

Колку за потсетување, Гејтс неодамна во својот блог кажал дека 2020-та година била ужасна, но смета дека доаѓаат добри вести во 2021-ва година.

„Минав поголем дел од 2020-та година со колегите во фондацијата и во разговори како да се тестира, третира и спречи Ковид-19. Кога ќе помислам на брзината на научниот напредок во 2020-та година, јас сум воодушевен. Човекот никогаш не направил ваков напредок кога станува збор за лечење на било која болест”, напишал Гејтс.

Ќе ви се допадне

Watch Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song Episode Full - Cam (https://animefreak.ws/m/0GK6/ep-1) at website https://animefreak.ws. See more sites like animefreak

Haikyuu!!: To the Top 2nd Season (https://gogoanime.be/m/E8MN) Episode 12 at website https://gogoanime.be a silent voice gogoanime