Бил Гејтс со прогноза за коронавирусот: На пролет состојбата ќе се нормализира

Основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, повторно излезе со свои прогнози за пандемијата со коронавирусот. Еден од најбогатите луѓе на светот очекува состојбата во САД да се нормализира на пролет идната кодина. Тој повторно повика да се почитуваат епидемиолошките мерки.

„Следните четири или пет месеци ќе бидат прилично тешки, освен ако навистина не станеме сериозни и го подобриме своето однесување“, изјавил Гејтс.

Тој истакнал дека само со одговорно однесување, може да се сузбие пандемијата. Напоменал и дека потребно е да се намали бројот на физички контакти и да се носи заштитна маска.

Гејтс смета дека со медицинските третмани и, како што вели, неверојатните вакцини, ќе дојде до подобрување на состојбата.

„До пролет бројот на заразени во САД, ќе биде таков што состојбата ќе почне драматично да се менува и да се враќа во нормала“, истакнал Гејтс.

Тој се надева дека луѓето кои се во дилема дали да ја примат вакцината против коронавирусот ќе се охрабрат по податоците за позитивните искуства и ќе се убедат дека таа навистина помага.

Scroll to Top