Бил Гејтс за вакцините против коронавирус – до февруари ќе се покажат дека се ефикасни и безбедни

Коосновачот на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, откри за „Си-ен-ен“, дека речиси сите вакцини за коронавирсуот ќе бидат делотворни и безбедно до февруари наредната година.

Вакцините на „Фајзер“ и „Модернине“, според првичните податоци се делотворни, а Гејтс тврди дека и вакцините на „Астра Зенека“, „Џонсон и Џонсон“ и „Новавакса“, ќе бидат исто така ефикасни.

„Верувам дека до февруари сите тие факцини ќе се покажат како ефикасни и безбедни. И понатаму расте бројот на новозаразени и се очекува овој број, до февруари да порасне, а тоа во САД би значело преку 2000 мртви дневно во тој период“; изјавил Гејтс.

„Носете маска. Обидете се да издржите до пролет, затоа што тогаш вакцините ќе почнат да го намалуваат бројот на заразени, а ќе помогне и промената на времето, кога ќе биде потопло“, вели Гејтс.

Некои вакцини имаат логистички проблеми, како онаа на „Фајзер“, која мора да се складира на дури -75 степени целзиусови. Сепак, Гејтс верува дека и овие проблеми ќе бидат решени.

„Мораме да се погрижиме некоја вакцина да не се потроши залудно, но верувам дека логистиката веќе некако ќе се реши. Мислам дека ќе има доволно број на луѓе кои веднаш ќе се вакцинираат, а потоа тие ќе ги привлечат и останатите, па со време ќе дојдеме до тоа ниво од 70%, па може и повеќе на луѓе кои ни се потребни за да го спречиме ширењето на болеста“, смета Гејтс.

За крај, тој за „Си-ен-ен“, го спомена и Денот на благодарноста и откри дека со некои од членовите на семејството ќе биде на видео врска, со цел да го намали бројот на лица кои се наоѓаат во иста просторија, поради коронавирусот.

 

 

Scroll to Top