Британски специјалци тренираат за напад од вонземјани

By

Познатата единица на британската армија SAS (Special Air Service) обучува посебна група специјалци да бидат подготвени за секаков вид закани, па дури и потенцијални напади од вонземјани, пишува „Дејли стар“.

Оваа единица е основана 1941 година. Станува збор за дваесетина припадници на елитна формација, кои се подготвени за секакви сценарија.

„Тие се подготвени да се справат со секаков вид закани. Од терористи, па преку биолошко оружје, кога некој е намерно заразен со смртоносен вирус, па до вонземски форми на живот“, пишува „Дејли стар“. Звучи лудо, но мисиите подразбираат прекин на секоја закана, тврди изворот.

Британските специјалците тренираат заедно со нивни колеги од САД.

„Повеќето луѓе веруваат дека постои живот на другите планети. Дури и Алберт Ајнштајн во 1920 година изјавил дека Земјата не е единствената планета на која постои живот, објаснува изворот, кој додава дека за овој воен проект никој не сака да зборува јавно.

Дури и професорот Стивен Хокинг, додека беше жив, предупредуваше за можен контакт со вонземјани и за тоа какви би биле реакциите на луѓето.

Ќе ви се допадне

Watch The Misfit of Demon King Academy (Dub) Episode 9 (https://gogoanime.be/m/OJOk/ep-9) at website https://gogoanime.be gogoanime dororo

Watch Boruto: Naruto Next Generations Episode 154 at website https://animeheaven.pro animeheaven unblocked