Шведскиот теретен параброд пловел низ водите покрај брегот на Аљаска 38 години и никој не знаел ни како ни зошто, ни каде ќе запре. Овој мистериозен брод оригинално наречен Angermanelfven бил тежок 1322 тони, а изграден е во бродоградилиштето во Гетебург во Шведска.
Прв пат запловил во 1914 година. Бродовите од оваа класа биле наменети за компаниите Balits Rederei Gmbh од Хамбург, а биле користени за трговија меѓу градовите Хамбург и Шведска.
По Првата светска војна му била извршена поправка од страна на Германците. Потоа во 1921 година бил префрлен во британската компанија „Хадсон беј“. Тогаш го добил името Bejchimo, а својот нов дом го пронашол во Шкотска.
Бродот пренесувал крзно, а секое лето пловел по канадскиот брег и со него се тргувало со шеќер, чај и оружје. Со ваквите трговски активности бродот бил ангажиран се до 1931 година.
Таа година екипажот бил заробен во леденото море на крајот од својата рута. Членовите на екипажот биле принудени да почекаат неколку дена, ледот да се стопи за да можат да го продолжат патот.
Неколку недели подоцна, ледот повторно го заробил бродот. Екипажот бил принуден да пешачи низ замрзнатиот лед, а неколкумина од нив останале во изградената колиба и го чувале бродот. Сметајќи дека бродот најверојатно ќе остане заглавен целата зима и пролет, тие кои останале планирале да го чекаат летото за да испловат со бродот.
На 24 ноември температурата драматично паднала и до 60 степени под нулата. Силната бура беснеела три дна и никој не се осудил да излезе од колибата. Откако времето се смирило, бродот кој бил оддалечен половина километар од колибата, повеќе не бил на своето место. Никој не можел да го пронајде.
Како што пишува историчарот Кен Харпер, екипажот кој останал да го чува, претпоставиле дека бродот потонал во длабочините на водата. Неколку дена подоцна, Еским го приметил бродот за време на својот лов. Тој се наоѓал на 72 километри далечина од колибата. Кога Ескимот го пронашол капетанот Сидни Корнвел, му кажал каде е бродот.
Корнвел сепак заклучил дека овој брод повеќе не е способен за морско пловење. Го истоварил од него целиот терет и останатите вредности и го напуштиле. Подоцна неговата претпоставка се покажала како погрешна.
Неколку месеци подоцна бродот бил пронајден како плови 400 километри источно од колибата каде ескимот го пронашол. Година дена подоцна, жена со име Лесли Мелвин го забележала бродот кој вели дека ѝ изгледал сосема нормално и пловејќи по крајбрежјето личело како да го дочекува товарењето на својот екипаж.
И после тоа во јавноста кружеле голем број приказни за бродот кој патувал низ морињата, сам без ниту еден член од екипажот. Во 1932 година, на него се обиделе да влезат неколку членови од еден екипаж во близина на местото Вејнврајт, на Аљаска. После тоа, група Ескими се качиле на бродот на кој останале заробени десетина дена.
Биле принудени да се качат поради неочекуваната бура која ги зафатила. Компанијата Hadson Bej набрзо потоа добила порака дека бродот и понатаму плови низ отворените води. Бидејќи неговата локација била предалеку, сметале дека неговото спасување нема да им се исплати. Никогаш не тргнале во потрага по него.
По неколку обиди во наредниот период направени од страна на екипажи да влезат во бродот, повеќе никој ништо не слушнал за него. Последен пат бродот бил виден во 1969 година во Чукотско море. Од тогаш му се губи секаква трага. Пред десетина години, владата на Аљаска покрена проект за да го пронајде мистериозниот брод.
Истрагата се спроведувала и од површината на море, но се барал и со подморници во длабочините на океаните. Сепак до ден денес останува голема мистерија што се случило со овој брод. Поради неговата мистериозност и исчезнување овој брод подоцна го добил името „Арктички брод на духови“.