Дали по протерувањето на амбасадорот, Македонија ја изгуби Русија во битката за името?

Македонија ќе сноси последици поради протерувањето на рускиот дипломат, објавиле од Амбасадата на Русија во Скопје на нивниот твитер-профил.

Тоа е објавено откако македонското Министерство за надворешни работи соопштило дека донело одлука да  протера дипломат на Руската Федерацијца во знак на солидарност со Велика Британија поради случајот „Скрипаљ“.

„Целосната одговорност за последиците на оваа провокација и исклучиво непријателски чин во руско-македонските односи ќе ја сноси македонската страна, стои во соопштението.

Дали со ваквата реторика Русија ќе сака да го промени ставот што го има заземено во светски рамки околу признавањето на државата под уставното име Македонија, останува да се види. Руската Федерација ја призна независна Република Македонија под нејзиното уставно име во август 1992 година.

Истовремено, амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет, ја поздрави одлуката на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Тодоров.

„Ја поздравуваме одлуката на Македонија како дел од исклучителната, обединета акција на меѓународната заедница против рускиот напад со нервен гас на британско тло. Силен израз на солидарност“, напишал Гарет на „Твитер“.

Одлуката за протерување на рускиот дипломат, како што претходно соопштија од Министерството за надворешни работи на Македонија, ја донел близок контакт со пријателите и сојузниците од ЕУ и НАТО.

 
Scroll to Top