Девете земји кои не ги протераа руските дипломати имаат добро оправдување

Повеќе од 25 држави на три континенти во понеделникот најавија дека ќе ги протераат или веќе ги имаат протерано руските дипломати.

Вкупниот број на протерани дипломати е најмалку 144. Но, и во самата Европска унија постојат неколку земји кои се одлучиле да не превземат никакви мерки против Русија, по труењето на поранешниот шпион Сергеј во Велика Британија.

Британските медиуми пренеле дека 18 земји на ЕУ го поддржале Лондон, а меѓу нив има и две поранешни советски републики Литванија и Летонија.

Сепак, тие истакнуваат дека 9 земји не се приклучиле на таа дипломатска војна против Русија и објаснуваат зошто.

Австрија

Австрија соопштила дека нема да ги протера руските дипломати, туку ќе инсистира на неутралност.

„Навистина, сакаме да комуницираме со Русија и да ги оставиме односите отворени. Австрија е неутрална држава и себе си се гледа како мост меѓу Истокот и Западот“, се наведува во соопштението.

Исто така, партијата на Себастијан Курц ОВП, е во коалиција со партијата ФПО, која одржува бликси врски со Русија.

Бугарија

Оваа земја, која од декември ќе почне со претседавувањето со Европскиот совет, истакнува дека нивната моментална позиција наложува да Софија остане неутрална. Британски Експрес наведува и дека Бугарија има силни деловни врски со многу руски фирми. Како на пример тоа е Гаспром, кој им е единствен доставувач на гас.

Кипар

Портпаролот на кипарската влада, Продромос Продром, изјавил дека нивната земја не е во позиција да превзема мерки против земјите кои се постојани членки на Советот за безбедност на ОН.

Грција

Засега, Грција нема да превземе никакви мерки против Русија, велат дипломатите од оваа земја.

Врвот на државата е во тешка ситуација, затоа што јавноста би го сметала како негативен секој потег кој би довл до влошување на односите со Русија, дополнува истиот извор.

Луксембург

Малата европска држава не ги протерала руските дипломати, но ги повикала на разговор поради консултација.

„Имаме многу мал број на руски дипломати во земјата, но и покрај нашите напори, не пронајдовме ниту еден доказ дека кој било од нив е шпион или работи против нашите интереси“, се наведува во соопштението.

Малта

Владата на Малта исто така изрази солидарност со Британија, но без противење на дипломатите.

„Нема тоа да го направиме затоа што дипломатската мисија во Русија е многу мала и секој одговор би можел да ги прекине нашите дипломатски односи“, се наведува во соопштението.

Португалија

И оваа држава го осуди нападот на Сергеј Скрипаљ, но нема да превземе никакви чекори. Тие сметаат дека ваквите одлуки најдобро е да се донесат на ниво на цела Европа.

„Ќе превземеме само мерки кои се во согласност со португалските национални интереси, европски и НАТО интереси“, навел министерот за надворешни работи Аугусто Сантос Силва.

Словачка

Словачка иако го осудува нападот, нема да се скрши под притисокот и да прави театрални потези.

„За почеток ќе ги повикаме амбасадорите на разговор. Доколку биде неопходно, ќе реагираме. Ќе почекаме затоа што нема доволно уверувања дека Русија, е одговорна за напад“, изјавил премиерот Питер Пелегрини.

Словенија

Министерот за надворешни работи на Словенија Карл Ерјавец изјавил дека владата, која утре би требало да расправа за случајот со напад со нервен отров врз поранешниот руски агент Сергеј Скрипаљ, нема да предложи примена на дипломатски мерки на солидарност со Велика Британија.

„Засега мислам дека најпрво е потребно да се расчисти што се случило во Британија, и дека станува збор за нејасен и бизарен случај“, изјавил Ерјавец пред новинарите.

 

 

 

 

Scroll to Top