Џон Херси е човекот што ја откри вистината за Хирошима и Нагасаки, а која беше криена од американски генерал

Американскиот новинар Џон Херси е човекот што во својата репортажа ја открил вистината за двете фрлени атомски бомби од страна на САД врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки.

Тој ја откри вистината за ефектите од радијацијата, кои подоцна влијаеле на илјадници луѓе, а кои сакале да бидат скриени од страна на некои американски високи официјални лица во војската.

Пред 75 години на 6 август 1945 година американската атомска бомба уби повеќе од 70.000 Јапонци во Хирошима. Од бомбата биле озрачени дополнителни 50.000 луѓе. Јапонците во тој момент немале поим што се случува, но претседателот Хари Труман излегол со објаснување.

Три дена по Хирошима, САД фрлија уште една бомба, на Нагасаки, по што следуваше предавање на Јапонија. Потоа, како дел од сузбивањето на информациите, проширени со рутинска цензура во војната, американските власти дозволиле да се открие малку вистина што се случувало на терен.

Неколку дена по бомбардирањето, „Галуп“ излегол со анкета во која било утврдено дека 85 % од Американците го одобриле таквиот напад, а друго истражување, направено по војната, покажало дека само 23 % од луѓето сакале да се фрли ваквото оружје пред Јапонците да се предадат.

Меѓу оние што не ја криеле љубовта кон непријателот бил и репортерот Џон Херси, кој известувал за војната во Европа и на Тихиот Океан. Јапонците тој ги опишал како физички остроумни и многу интелигентни мали животни.

Недели потоа малку се знаело за последиците од Хирошима и Нагасаки, освен извештаите за импресивната физичка девастација.

Кога во окупираната Јапонија почнале да кружат информации за широкораспостранетата радијација, извештаите во западниот печат тоа категорички го демантирале.

На крајот на август 1945 година „Њујорк тајмс“ пуштил вест во кој се тврдело дека жртвите во Јапонија само подлегнале на оние видови повреди што човек можел да ги добие со конвенционално бомбардирање.

Во текстот е наведено дека научници од САД велат дека атомската бомба нема да има долготрајни последици во девастираните подрачја.

Два месеца претходно, група научници од САД биле загрижени дека првата нуклеарна експлозија во светот, направена во Ново Мексико, можело да ја запали атмосферата. Тоа не се случило, но сепак научниците биле во право во врска со долготрајните ефекти од експлозијата.

Изненадувачки, многу бргу по бомбардирањето, престанало зрачењето во Хирошима и Нагасаки и паднало на ниво што им овозможило на градовите да почнат да закрепнуваат.

Но, тоа било само половина од приказната за зрачењето. Другата половина е дека десетина илјади луѓе кои во текот на бомбардирањето апсорбирале опасни дози, сериозно се разболеле, а некои од нив и починале.

Офицерот на американската војска, кој ја водел програмата за атомската бомба, генерал-потполковник Лесли Грувс, ги отфрлил извештаите за опасната радијација сметајќи ги за пропаганда.

„Мислам дека најдобриот одговор за сите што се сомневаат е дека ние не ја почнавме војната, а ако не им се допаѓа начинот на кој ја завршивме, тогаш само нека се сетат кој ја почна“, изјавил Грувс.

По есента 1945 година, вестите за болестите предизвикани од радијацијата станале неоспорни и за самиот Грувс. Повикан да сведочи пред сенаторскиот одбор за атомска енергија, тој тврдел дека труењето со радијација е многу пријатен начин за умирање.

Со поддршка на „Њујоркер“, Херси преку Кина во 1946 година стигна во Јапонија. Резултатот од тоа било строго репортажно ремек-дело од 30.000 зборови, во кои се опишани искуствата на шест преживеани од атомскиот напад.

Тој август „Њујоркер“ му посвети цела тема. Направија огромна сензација. Приказната е објавена во облик на книга – „Хирошима“. Преведена е на голем број јазици. Многу примероци биле продавани во светот. Херси стана добитник на Пулицеровата награда во 1945 година.

Scroll to Top