Додека Американците се занимаваат со Авганистан, Ким ја користи можноста да развие нуклеарно оружје, открија сателитски снимки

По пауза од две години, Северна Кореја повторно го покренала својот најголем нуклеарен реактор, пишуваат светските медиуми. Ова е наведено и во извештајот објавен на крајот на минатата недела, кој го објави и агенцијата на Обединетите нации за нуклеарен надѕор.

Меѓународната агенција за атомска енергија оцени дека развојот на нуклеарнат апрограма е причина за голема загриженост и особено стави акцент на работата на реакторот Јонгбион од пет мегавати. Агенцијата изјавила дека секое продолжување на нуклеарната програма на Северна Кореја, е јасно кршење на релевантната резолуција за глобална безбедност на ОН.

Диктаторот Ким Џонг-ун прекина со некои од работите за нуклеарната програма за време на преговорите со поранешниот претседател Доналд Трамп, но, тој дијалог се прекина, откако Трамп одржа два самити на кои се сретна со Ким. Трамп не успеа да постигне напредок.

Двете страни се обвинија дека стојат на патот на напредокот, пренесе „Си-би-ес њуз“. Со оглед дека пандемијата со коронавирус беше најважната работа за Бајден од првиот ден на неговата администрација, а сега падот на Авганистан под талибанците, Ким и Северна Кореја сега не се во фокусот и не се споменуваат на брифинзите за печат во Белата куќа.

Но, режимот на Ким го доечка Бајден со важна воена порака. Северна Кореја во март тестираше две балистички ракети од краток домет, само неколку часа пред Бајден да ја одржи својата прва самостојна конференција за новинарите, како претседател.

Тестот покажа дека Северна Кореја испалила, како што тврди, тактичко наведени проектили од нов тип. Бајден потврдил дека проектите биле балистички ракети и дека со тоа се кршат голем број на договори кои и забрануваат на Северна Кореја да испробува такво оружје и дека земјата работи на нуклеарно збогатување.

Бајден тогаш рече дека Северна Кореја ја смета за свој најголем надворешно политички предизвик и дека се консултира со американските сојузници и партнери, додека Белата куќа настојува да осмисли нова политика во поглед на заканите.

„Ќе биде одговорено ако работите ескалираат“, рече Бајден во март и дополни дека е подготвен за некаков облик на диппломатија, но, тоа мора да биде усвоено со денуклеаризација.

Но, се чини дека Северна Кореја, со работата на нуклеарната електрана Јонгбон, постојано го зголемува влогот.

„Немало никакви знаци за работата на реакторот од почетокот на декември 2018 година, па до почетокот на јули 2021 година. Но, од почетокот на јули 2021 гоина, се појавиле вакви знаци, вклучувајќи го и испуштањето на вода за ладење, во рамки на работата на реакторот“, стои во извештајот на IAEA.

Овој реактор е најголемиот во Северна Кореја и има каоацитет да го збогати и ураниумот и плутониумот и да создава оружје. Иако реакторот наводно се користи за производство на енергија, Американците сметаат дека тој е способен да произведе доволно плутониум за изградба на боеви глави за една година.

Северна Кореја ги исфрли од земјата инспекторите на IAEA во 2009 година и со тоа оневозможи светската агенција да ја изврши својата работа. Во својот последен извештај, IAEA призна дека нејзиниот знаење за нуклеарната програма на Сеерна Кореја е ограничено, а како се продолжува со одвивањето на нуклеарните активности во земјата, тоа знаење се намалува.

Познато е дека Северна Кореја последен пат тестирала нуклеарен уред во 2017 година. Режимот на Ким покажа интерес за покренување на директните преговори за нуклеарната програма, но, инсистираат на тоа САД да ја промени својата политика.

Во меѓувреме работата во објектите кои некогаш ги надгледувала IAEA во Северна Кореја, може да се видат само преку сателитските снимки.

„Веќе подолго време нема договор за уредување на овие објекти“, рече Џејмс Мартин, истражувач од Центарот за неширење на нуклеарно оружје, за „Ројтерс“.

„Се чини дека апетитите на Северна Кореја за боеви глави не се задоволени“, рече тој.

Северна Кореја веќе има нуклеарно оружје, но, тајноста за нејзините програми им ја отежнаа работата на аналитичарите, кои требало да откријат од колкав обем е нејзиниот арсенал.

Проценките кажуваат дека станува збор за само неколку нуклеарни боеви глави. Најмногу десетина, но, постои општа согласност дека земјата произвела доволно високо збогатен ураниум за изградба на повеќе од 60 парчиња оружје.

Иако Ким има тестирано неколку интерконтинентални балистички ракети со домет доволен да стгинат и до САД, засега не е докажана нивната способност.

 

 

Scroll to Top