Домазет Лошо – Југословените ги подметнаа пожарите – Ние сме во војна, Хрватска е во војна!

By

Додека југот на Хрватска со натчовечки напори се бори со пожарот кој беснее низ крајбрежјето, адмиралот Давор Домазет Лошо, има своја теорија за целата оваа катаклизмична приказна.

dobivaj vesti na viber

Според неговото тврдење, ова е резултат на асиметрична војна насочека против Хрватска.

„Првото прашање кое морате да си го поставите е: Што точно гори? Гори Бога Котарска, гори Херцеговина, и гори Далмација. Тоа не може да биде случајно. И тоа баш во време кога според прогнозите може да се види дека станува збор за бура која беснее веќе четири дена.

Така да, тоа е типичен пример за асиметрична војна против Хрватска. Тоа е војна без војници, без почеток, без боишта и без битка, но сепак е војна затоа што се освојува, и во овој случај загрозува, едно одредено подрачје.

Од Которскиот залив, кој уште го нарекуваат снаата на Јадранското Море каде што живеат Хрватите, во Херцеговина каде има Хрвати и Далмација“, изјави Домазет Лошо за Dnevno.hr и додаде дека непријателската стратегија е следна – ако нема Херцеговина и Далмација, ја нема ни Хрватска.

Ја повика и Владата која не превзема ништо, и тврди дека се работи за воена состојба, и дека непријателите на Хрватска не се надворешни, туку од внатре во државата.

„Тие пожари се подметнати. Многу од нив зборуваат што сакаат, но тука нема двојби“, изјави Лошо и откри на кој му е во интерес да Хрватска изгори.

„Тоа е во интерес на душманите на Република Хрватска кој нашата дражва сакаат да ја уништат. Југословените. Не можеа во војна да не унишат, па сега сакаат со асиметрична војна.

Тие кои не можат да се помират со самостојноста на државата Хрватска, одбранета во Татковинската војна, на нив им е во интерес да Хрватска гори, затоа што пожарите се еден вид на облик на асиметрична војна“, изјави Лошо кој смета дека Владата треба да биде подготвена на сето ова.

Сите сили на Хрватска треба да бидат распоредени, треба да ја следате метеорологијата и да бидат подготвени. но тие наместо одбрана на Татковината, се одлучија да им е поважно да претседателот на Владата, на своите агресори им ги подари и Љубљана и Трст.

Словенија направи преседан и правна агресија над Хрватска и тука имате двајца агресори – едниот е Љубљана, а другиот агресор е Европската комисија. И претседателот на Владата наместо да се грижи за безбедноста на Хрватска, замина да се поклони и на едните и на другите.

И тоа не му беше доволно, па замина и во Трст каде создава нова Југославија“, заклучи Лошо во својата теорија.

 

Ќе ви се допадне