Доналд Трамп планирал напад на Иран на крајот од мандатот, соработниците го одвратиле од таквата идеја?

By

Претседателот на САД, Донлад Трамп, наводно планирал да изврши напад врз државата Иран на крајот од својот мандат, но неговите соработници го одвратиле, пишува српски „Курир“ повикувајќи се на „Спутник“.

Трамп се консултирал на 12 ноември со своите советници за можноста за преземање мерки против главниот ирански нуклеарен објект во наредните недели, објавил „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на поранешните и сегашни американски официјални лица.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, државниот секретар, Мајк Помпео, в.д. министерот за одбрана, Кристофер Милер, и шефот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, генералот Марк Мили, го одвратиле од ваквата идеја предупредувајќи дека таквиот потег би можел да доведе до големи конфликти во последните недели од неговиот мандат.

Секоја мерка, било да станува збор за кибернетички или ракетен напад, речиси сигурно би целело на иранската нуклеарна постројка во Натанз, смета „Њујорк тајмс“.

„Кога Помпео и генералот Мили му ги објаниле потенцијалните ризици од воената ескалација, официјалните лица го напуштиле состанокот убедени дека повеќе нема да се разгледува идејата за ракетен удар на Иран“, пренесува американскиот весник повикувајќи се на официјален претставник од администрацијата на Трамп.

Претходно, порталот Akios, повикувајќи се на свои извори, пренесол дека администрацијата на Трамп, заедно со Израел и заливските држави, се подготвува да воведе нови санкции кон Иран пред инаугурацијата на Џозеф Бајден во јануари.

Американско-иранските односи ескалирале на почетокот на годината кога САД спроведоа операција во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, со цел убиство на иранскиот генерал и командант на специјалните сили на Исламската револуционерна гарда, Касем Сулејмани, и заменик-командантот на ирачките шиитски востанички сили, Абуа Махдија ел-Мухандиса.

Вашингтон смета дека Сулејмани и Мухандис биле вклучени во организацијата на нападот на Амбасадата на САД во Багдад на 31 декември. Иран одговорил со напад на американските бази во Ирак.

Во мај 2018 година САД еднострано се повлекоа од заедничкиот сеопфатен план за акција за иранската нуклеарна програма и ги обновија санкциите против Техеран.

Според извештаите на медиумите, Џо Бајден победил на американските претседателски избори и тој веќе прогласи победа. Доналд Трамп уште го нема признаено поразот, а неговиот адвокатски тим поднел тужби до судовите во разни држави со барање да се прекине со проберојувањето на гласовите и да се истражат наводните кршења.

Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне

4Anime tower of god 4anime: Dragon Ball Z (Dub) Episode 291

WCOStream we bare bears wcostream: Watch Naruto (Dub) Episode 56