Другата страна на бегалската криза

By

Mигрантската криза почна, а Американците изнесоа податок дека ќе трае и во наредните 20 години. Постои легална имиграција – доселување на луѓе во согласност со правните прописи или со одобрение од страна на државата на чија територија имигрантите доаѓаат, и илегална имиграција – доселување на луѓе со кршење на правните прописи, односно спротивно на волјата на органите на државата на чија територија доаѓаат.

Мејнстрим-медиумите го пренесуваат само она што тие сакаат кога ќе се појави нешто што не е во согласност со нивната политика. Infowars.com направи колаж од снимки од имигранти и бегалци од кој ќе ви се смрзне крвта во жилите.

Од тоа како Си-ен-ен ги прикажува интернационалните приказни кога унгарска новинарка подметнува нога и му прави сопка на еден бегалец, па до снимката на која стотина имигранти фрлаат камења на Унгарците на железничката станица во Будимпешта, без никаков пренос од страна на кој било медиум.

Следната снимка од интернационалните медиуми прикажува како мигрантите молат за храна, а снимката што не е објавена прикажува како имигрантите насилно крадат храна од Унгарец што донел храна за бегалците и сакал да ја подели. На следната снимка се покажува како бран машки бегалци во Унгарија ги удираат полицајците што им донеле пакети со вода за пиење фрлајќи ги на шините.

Снимката од Франција покажува како имигрантите панично и насилно крадат храна од комбињата и потоа ја фрлаат иако не ѝ е истечен рокот на траење. Што се случува? Слична беше ситуацијата со храната и водата кога се случи бегалскиот бран во Македонија.

Пред некој ден се појави видео на семејство со деца на железничка пруга. Што навистина се случи? На видеото се гледа како маж насилно турка жена со дете на шините.

Снимките како оние на кои имигрантите во Унгарија викаат „Алах акбар“ носејќи пакистански знамиња ,нема да ги видите на Си-ен-ен и Би-би-си.

Зошто масовните медиуми ги покажуваат само оние снимки на кои мигрантите се прикажани како жртви?

Тотално одбиваат да пренесат каква било вест и снимка на која се прикажани во негативно светло. Зошто?

Ќе ви се допадне

Locke the Superman: Mirror Ring Episode Full

Website https://kissanime.mx: Watch Pokemon XY: Mega Evolution kissanime Episode 4 kiss kiss anime

AnimeFLV Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

Website https://animebee.to: Watch The Little Match Girl animebee Episode Full anime online

Pokecommunity: https://www.pokecommunity.com/member.php?u=968947

Tickaroo: https://www.tickaroo.com/user/60d445be0b36225a07442aaf