Дублерката на Кетрин Зета Џонс сака да се воведе контрола на популацијата

Американскиот професионален возач со тркачки автомобил Леилани Мунтер го претставува движењето за контрола на популацијата. Мунтер, која избирала да не раѓа деца, тврди дека таквата одлука треба да биде нормализирана и воведена во општеството.

Самонаречената веганска хипи девојка стана заштитник на британското хуманитарно популациско движење Population matters, чија цел е да ја промовира свеста за прекумерната популација и потикнување на помалубројни семејства.

Британскиот водител и натуралист Дејвид Атенборо, исто така, е заштитник на ова движење.

„Ако немате дете, тоа е најдобар начин да се намали штетното влијание врз планетата“, изјавила Мунтер (44) за светската новинска агенција „Ројтерс“.

„Ако ги погледнете бројките, Земјата е готова, а човечката раса не може да продолжи бесконечно да расте со ограничен број ресурси. Морате да го нормализирате животот без деца“, додала таа.

Мунтер, која ја финансирала својата кариера како возач работејќи како дублерка за Кетрин Зета Џонс, се тркала со слоганот Vegan-Strong, кој бил залепен на нејзиниот тркачки автомобил. Таа е именувана во топ 10 женски возачи, според пописот на списанието на Sports Illustrated.

Мунтер, која дипломирала на Калифорнискиот универзитет во Сан Диего, на своето момче пред 12 години му кажала дека не сака да основа семејство, но наместо да се разделат, двојката се венчала во 2009 година.

Обединетите нации проценуваат дека светската популација расте за 83 милиони годишно, а бројот на луѓе на планетата се очекува до 2050 година да достигне 9,8 милијарди од сегашните 7,6 милијарди луѓе.

 

Scroll to Top