Европската Унија купува вакцини против коронавирус од компании кои сè уште не ги завршиле своите истражувања. Според пишувањата на српски Курир, ЕУ купува вакини од кај ќе стигне и досега нарачала 200 милиони дози од компании кои сè уште ја немаат докрај завршено работата.
Европската комисија соопштила дека ги заклучила почетните разговори со германската компанија BioNTech и Pfizer, за резервација на дополнителни 200 милиони дози вакцини против Ковид-19, со можност да купи дополнителни 100 милиони дози.
Вакцината, која се заснова на работата на двете компании, e шестата потенцијална вакцина која Комисијата планира да направи договор за да ја купи. Пред овој договор Комисијата веќе ги објавила разговорите со „Санофи и ГСК“, „Џонсон и Џонсон“, „Кјуревак“ и „Модерна“.
Сите држави членки на Европската Унија би имале можност да купат нови вакцини, а би можеле да ги донираат на сиромашните земји или да ги пренаменат за други европски земји.
Се очекува дека вакцините за Европската Унија ги произведува компанијата BioNTech, со седиште во Германија, и Pfizer, која има лабораторија во Белгија. Испораките би требало да почнат на почетокот пред крајот на годината, соопштиле од компанијата.
Европската комисија бара регулаторен преглед на сите потенцијални вакцини и ако вакцините бидат одобрени, овие компании планираат да испорачаат до 100 милиони дози вакцини ширум светот до крајот на 2020 година.
Оваа цифра би можела да достигне околу 1,3 милијарди дози до крајот на 2021 година, ако се направи најголем договор за испорака на вакцини со компаниите BioNTech и Pfizer.
Минатиот месец Комисијата постигна договор со компанијата „Астра Зенека“ за најмалку 300 милиони дози од нивните потенцијални вакцини.
Во средата произведувачот на лекови објави дека се откажува од глобалните испитувања на експерименталните вакцини против коронавирусот, поради појавата на необјаснивите болести кај доброволците.