(Фото) Доналд Трамп оди со двојничка на Меланија на предизборните митинзи

Сликата на која првата дама на САД, Меланија Трамп, е насмеанa, предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, меѓу кои и дека Белата куќа користи двојничка што оди со Доналд Трамп на предизборните митинзи.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека Доналд Трамп паралелно води и претседателската кампања, но дека мора да води кампања и со „двојното тело на својата сопруга“. Според американската јавност, жената на сликата со претседателот на САД не е Меланија, бидејќи таа никогаш се нема насмеано во јавност.

„Оваа дефинитивно не е Меланија. И не е прв пат ова да се случува, да користат нејзина двојничка во јавноста“, напишал еден корисник на Твитер.

Теоријата дека Белата куќа користи двојничка на Меланија Трамп постои уште од 2017 година, но коментарите се сè почести во текот на оваа претседателска кампања.

Scroll to Top