Исчезна бебето Сураја кое на 19 август беше предадено на американскиот војник во Кабул, пишуваат светските медиуми. Очајните родители барајќи начин како да го спасат од талибанците, преку бодликовата жица и големиот ѕид, му го предадоа својот син на Американски војник.
Поради големата толпа и турканици, на Мирза Али Ахмади и неговата сопруга Сураја им требало повеќе од половина час да влезат на аеродромот, а кога успеале, нивниот син повеќе не бил таму.
Американски официјални лица кои се запознаени со ситуацијата велат дека сите служби биле известени и дека е почната потрага по детето, пренесува news 18.
Мирза Али 10 години работел како обезбедување во американската амбасада, а кога почнал да ги испрашува службениците за син му, еден од командатите му одговорил дека аеродромот е премногу опасен за децата и дека можеби го однеле на друга локација.
„Го прашав секој офицер и секој војник дали знае каде е моето дете. Го барав секаде“, рече Мирза Али кој објасни дека никогаш не го дознал името на командантот, бидејќи не зборувал англиски. Во преводот му помоганле колегите од Авганистан кој рабтеле во амбасадата.
Еден од полицајците му рекол дека бебето можеби веќе било евакуирано бидејќи на аеродромот немале ресурси да се грижат за децата.
Али и Сураја заедно со нивните други деца на возраст од 17, 9, 6 и 3 години биле прво евакуирани во Катар, а потоа се префрлени во Германија. Тие сега се наоѓаат во Америка, во Тексас, заедно со други бегалци, каде што чекаат да се утврди каде трајно ќе се населат.
Тие немаат роднини во САД, а Али рече дека тие не се единствените родители кои се обиделе да го спасат своето дете давајќи им го на војниците, но не ни сонувале дека нивниот син ќе исчезне.
„Сите ги прашувам за Сохаи дали знаат нешто. Голем број од американските функционери ги молам да ми помогнат. Сите ветуваат дека ќе направат сè што можат, но, останува само на ветувања“, рече Али.
Групата која им помагала на бегалците од Авганистан направила и табла на која пишува „Исчезнато бебе“, со фотографија од бебето Сохаи. Сликата кружи и низ нивната мрежа, надевајќи се дека некој ќе го препознае детето.
Сураја е тажба и тешко и паѓа да се грижи за другите деца, вели Али.
„Цело време мислам на бебето. Сите членови на моето семејство кога ќе се слушнеме велат да не се грижам, дека Господ е добар и дека ќе го најде мојот син“, рече Сураја.
Извор и фото: telegraf.rs